ИСТОРИСКИ УСПЕХ
Наполи е влезен во серија од 12 натпревари по ред, а тоа им се случува за прв пат во историјата, почнувајќи од сезоната 1929/1930. Претходниот рекорд од 11 победи им е од периодот април - септември 1986.
Таа низа ја имаат остварено до две сезони, но оваа изнесува 12 од 12 во една иста сезона. Тие се всушност во серија и без пораз и имаат скор од 14 победи и 2 нерешени.
Другата екипа без пораз во најсилните 5 европски лиги е ПСЖ. Манчестер Сити загуби во Комјунити Шилд, а Реал во ЛШ од Лајпциг.
Серијата на Наполитанците изгледа вака:
СТРАШНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Нападот им функционира перфектно, а тоа најдобро го покажува податокот дека имаат повеќе голови од екипи како Реал, Ливерпул и Барселона, а првопласираниот Баерн Минхен е поефикасен со само два гола повеќе.
РАЗНОВИДЕН НАПАД
Наполи го има најдобриот напад во Серија А со најголем број на стрелци вкупно 13. На врвот е хитот од Грузија, а меѓу нив е и Елмас со еден погодок.
Статистички Симеоне постигнува гол на секоја 61 минута, Распадори и Осимен на 128-ма, Кваратцхелија на 156-та...
ЦВРСТА ОДБРАНА
Голема заслуга за овие резултати оди и кај одбраната каде не се чувствува отуството на Кулибали кој замина во Челси. Таа дупка одлично ја пополнува Ким.
Наполи има примено 9 гола и само три екипи имаат примено помалку. Аталанта 8, Јувентус 7 и Лацио 5.
ШИРОКА КЛУПА
Наполи успева одлично да го искористи и најдобро од клупата за резервни играчи. И на оваа листа се први на табела со 7 гола на играчи влезени како измена. Удинезе е втор со 6, Лацио со 5.
ПОГОДЕНИ ЗАСИЛУВАЊА
Управата направи добар пазар на играчи кои бележат фантастичен учинок уште на старт. Најстандарден е Ким со 1.350 минути, а најефикасен Кварацхелија со 7 гола и 8 асистенции.
ЛУЧАНО СПАЛЕТИ
Италијанскиот стратег е прв на табела во Серија А по четврти пат во кариерата. Таму се наоѓа три кола по ред откако во 9. коло славеше над Кремонезе.
Претходно тоа му успеа во 15. коло минатата сезона. Тогаш имаше 36 бодови и 8 победи во низа на стартот од сезона, како +1 пред Милан. Потоа со два порази по ред падна на четврта позиција.
КАКВИ ИМ СЕ МОЖНОСТИТЕ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРВОТО МЕСТО?
До паузата од клупски фудбал поради Мундијалот, Наполи има четири натпревари. Дома против Сасуоло, Емполи и Удинезе и на гости против Аталанта.