
И покрај тоа што стануваше збор за пријателски натпревар, тензијата повторно беше присутна како да се игра официјален меч за бодови.
Барселона со висок пресинг и голем притисок уште од старт се обиде да го потисне ривалот на своја половина и момците на Чави успеаа во тоа.
Треба да се спомене и дека „кралевите“ играа без врвната тројка од среден ред Каземиро-Модриќ-Крос па шанса доби младиот Камавинга кој по една неспретна реакција му овозможи на Ансу Фати да влезе во шанса која не ја реализираше.
Но само седум минути подоцна Рафиња постигна прекрасен гол за водство на Барса и се испостави на крај за победа.
Високиот пресинг на кој инсистира тренерот Чави испадна одлична идеја. При таква ситуација голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа го заглави Едер Милитао во безизлезна позиција но овој успеа некако да куртули. Сепак топката повторно дојде до него и во обид да ја избие, се лизна.
Топката стигна до новото засилување на Барселона, Бразилецот Рафиња кој дојде од Лидс Јунајтед и кој распали за прекрасен гол.
Во еден момент на теренот настана гужва кога се спречкаа Бускетс и Винисиус а реагираа и Араухо и Рудигер кој на овој меч играше лев бек за Реал Мадрид. Покрај него први минути во дресот на „кралскиот клуб“ имаше и најнадежниот француски фудбалски бисер Тчуамени кој дојде летово.
¿Clásico amistoso? Eso no existe. Tangana tras esta entrada de Jordi Alba a Vinicius pic.twitter.com/KJZIglE73L
— Manu Heredia (@ManuHeredia21) July 24, 2022
Кај Барса дебитираше најголемото засилување. Полјакот Роберт Левандовски кој имаше и еден одличен обид но Куртоа му го одбрани шутот.
До крајот на мечот и Реал Мадрид имаше свои шанси, влегоа и Асенсио, Модриќ и Каземиро, но Барселона издржа и заслужено победи.