Алексис Санчез е популарна дива која се докажува како голема загуба на пари

Откако му се приклучи на Манчестер Јунајтед исчезна, особено на настапот против Севиља во понижувачкиот пораз од ЛШ, типичен за играч кој го изгубил патот. Повеќе се разгледува неговото позирање со кучето на Инстаграм, отколку нивото на кое игра.

И така продолжува бедата на дресот со број 7. Откако Кристијано Роналдо го напушти Олд Трафорд за Реал Мадрид во 2009-та, почитуваниот број на Манчестер Јунајтед седум години е отровен пехар. Сите го сакаат, но малкумина можат да се справат со него.
 
Има малку индикации дека човекот од 35 милиони фунти ќе заврши со оваа мизерија, со оглед на тоа што не успеа да се истакне ниту против Севиља во осминафиналето од ЛШ. Тој е најновиот дебакл во неговиот трет месец во клубот каде се претстави со пијано ветувајќи свежа увертира која се претвори во погребна песна.
 
Санчез уште еднаш беше расипник во поседот на топката.
Легендарната седумка која со гордост ја носеа Џорџ Бест, Брајан Робсон, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо, уште еднаш беше извалкана.
 
Санчез потпишан од Арсенал во услови на многу хиперболи и наводно за 450.000 фунти неделно, изгледа многу удобно во овој дрес. Тој беше немоќен и безвреден во овој колапс кој им се случи од петтопласираниот тим од Ла Лига.
 
Мурињо го играше Маруан Фелаини чија фризура на Мики Маус во утринските часовите на натпреварот беше белег на денот. Но сепак човекот кој едноставно не постоеше на теренот се вика Алексис Санчез.
„Изгледаше како сенка на еден играч и како странец во овој тим. На некој начин ми е жал за него“, рече Рио Фердинанд на БТ Спорт.
„По секој натпревар, Арсенал објавуваше статистика од него, колку километри истрчал, колку додавања направил и сл, но неговите соиграчи навистина сакаа да се ослободат од него. Без разлика дали се подобрени како тим или не, во нивната соблекувална сега се посреќни“, вели новинарот Рафаел Хоништајн.
На 10 натпревари досега, постигна само еден гол. Многу повеќе се разгледува неговото позирање со кучето на Инстаграм, отколку нивото на кое игра во сегашната форма. И на 29 години не е повеќе дете. Најголемиот придонес што го направи до сега е ретвитањето кога потпиша за Јунајтед.

Актерката Рита Хејворт рече за нејзината улога: Секој човек што го познавав беше во кревет со Гилда...и се разбуди со мене“, осврнувајќи се на разликата помеѓу илузијата и реалноста.
 
Навивачите на Јунајтед легнаа во кревет сонувајќи за потписот на Алексис, но се разбудија во друга реалност. Дури и Арсенал во сегашната состојба каква што е, не жали за Санчез.
 
14 март 2018 - 15:14