Динамо Загреб има пар историски сезони во Лига на шампиони и Лига Европа каде играше одлично. Со преполни трибини и од тв права и добри резултати заработија солидно. Но сега е време кога целата заедница треба да покаже солидарност, а од управата на „модрите“ тврдат дека тоа не е случај зошто играчите предводени од капитенот Аријан Адеми одбиле редуцирање на примањата.
Отпуштени се помошните тренери Рене Помс, Нино Буле, Силвие Чавлина, Мартин Мајер, Карло Рејнхолц и Јасмин Османовиќ.
Првично, на кратење на плати во Динамо се согласиле сите вработени кои заработуваат повеќе од 7.500 куни (985 евра) и некои играчи и тренери во Б тимот.
Од првотимците било побарано до 30 јуни да се откажат од третина од своите примања. А луѓето од управата за 60% ги кратат своите примања. Тренерот Ненад Бјелица неофицијално заработува околу 1 милион и 500.000 евра годишно а најскапо платените играчи заработуваат по 800.000 евра годишно.
Човекот кој е најзаслужен за историскиот успех на Динамо во ЛШ, Бјелица, во моментов бил во Австрија и сè уште не се огласил за кратењето.
„Многу ме растажува што играчите на Динамо кои за хрватски прилики заработуваат многу, немале сочувство кон остатокот од Хрватска и што не прифатиле кратење на платите. Денес сè се следи и луѓето посебно се осетливи на такви работи“; вели Игор Цвитановиќ, поранешниот легендарен шпиц на клубот од Максимир и Хрватска.
АДЕМИ ОДБИЛ КРАТЕЊЕ ПЛАТИ
Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми одлучно одбил какво било кратење на платите и на неговата и на соиграчите. Не сакале да слушнат за такво нешто. Тој според договорот со Динамо заработува годишна плата од 657.000 евра!
Токму хрватскиот првак беше оној кој му излезе во пресрет и го сочува договорот со него кога Адеми беше позитивен на допинг и суспендиран на повеќе години од УЕФА и ФИФА.
Динамо се огласи со официјално соопштение:
„Прв за мерките е известен главниот тренер на ГНК Динамо, г. Ненад Бјелица и тоа во телефонски разговор, зошто непосредна средба не беше можна со оглед на тоа што тренерот не е во Хрватска. Мерките од него децидно беа одбиени.
Исто така, прво телефонски а потоа и на состанок во клубот, за мерките е известен и капитенот Аријан Адеми со кого беа и некои други играчи од прв тим. И на тој состанок и неколку подоцни телефонски контакти мерките за кратење беа децидно одбиени.
Само да потсетиме дека сите припадници на работната заедница, останатиот дел на спортскиот сектор, фудбалските школи и другите вработени, во најкраток можен рок ги прифатија мерките на Управата на клубот.
Со овие мерки осигурени се постоечките работни места, загарантирана е нето плата од 7.500,00 куни за работната заедница, а притоа водството на клубот себе си ги смали личните приходи за 60%. Некакви тврдења за избрзаност, едностраност или недостиг на анализа и комуникација едноставно се неточни.
Се надевавме дека играчите и нивниот тренер ќе остават маневарски простор за договор, меѓутоа одлучно рекоа НЕ и со тоа не демантираа. Таквото одбивање од нив го добивме во најкраток можен рок и во писмен облик“.
НАВИВАЧИТЕ НА СТРАНА НА ИГРАЧИТЕ, ГО НАПАЃААТ МАМИЌ
Очекувано, Бед Блу Бојс излегоа со соопштение во кое бараат од јавноста да ја слушне и приказната на играчите.
Во меѓувреме Барселона соопшти дека од 13. март ретроактивно за 30% ги намалува платите на сите играчи, тренери и вработени во клубот вклучувајќи ги и членовите на управниот одбор. Во НБА се кратат плати по 20%.
The NBA is reducing base salaries by 20 percent of approximately 100 of the league office’s top-earning executives around the world, sources tell ESPN.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) March 26, 2020