На мечот против Бреша во 1993 година, две години откако ние станавме независна држава, Франческо Тоти дебитираше со три минути на терен, но сигурно ниту не бил свесен дека еден ден тие ќе станат 60.000.
38 годишниот Тоти на Рома и е верен точно 22 години и 42 дена, а доколку се направи пресметка излегува дека на терен минал 1000 часа или претворено во деновите тоа се 42.
Тоа не е рекорд во Италија, но е достигнување и тоа за еден клуб со кое многу малку играчи може да се пофалат. Поранешниот светски првак со Италија во 2006-та за Рома има одиграно 725 натпревари на сите натпреварувања.
Од нив 574 ги одигра во Серија А, а во таа конкуренција е на четврто место зад Паоло Малдини (647), Хавиер Занети (615) и Џанлука Паљука (592), кој наскоро се очекува да го мине.
Во италијанските купови има 58 настапи, на европските натпреварувања 93, а од првата до последната минута за Римската волчица има одиграно 666 меча.
Тоти во моментов има ситна повреда, а по дербито против Лацио на кое со два гола го спаси својот тим од пораз, фати грип. Доколку не биде повикан на следниот меч против Палермо, 1000 часа фудбал за Рома се очекува да одбележи на средбата против Фиорентина.