Хороскоп, црни маици, амајлии

10-те мании на Диего Чоло Симеоне

Марка ги открива тајните на аргентинскиот тренер кој уште како играч бил суеверен, а сега ги прашува фудбалерите кој знак се во хороскоп и секогаш се облекува во црно без разлика на околностите и времето.

Терминот чолизам влегол во речникот на шпанскиот јазик. Човекот што го донесе Атлетико Мадрид до врвот на европскиот фудбал имал 10 мании од кои никогаш не отстапувал и строго се држи до нив.
 
1. Опсесија - слободните удари.
 
Симеоне има широк спектар за изведување слободни удари. На одредени тренинзи посветувал повеќе од 1 час само на прекините после што играчите паѓале од замор. Тоа му се исплатеше пред две години кога Атлетико ја победи Барселона во борбата за титулата со гол после прекин.
 
2. Команда
 
Како со далечински управувач, Чоло ги командува своите играчи. Доволно е да се гледа Атлетико за да се сфати дека Аргентинецот не застанува ни дел од секундата и цело време мавта со рацете. Толку е опседнат со фудбалот што и кога доаѓал дома Диего Симеоне по цел ден ги прегледувал снимките од натпреварите, а далечинското му било најдобар другар по дома. Цел ден вртел инсерти.
 
3. Ѕвездена судбина
 
Првото нешто што Симеоне го прашува секој нов играч е хороскопскиот знак. Според одговорот утврдувал во кој временски период што може тој играч да постигне.
 
4. Забрана
 
Никогаш нема да го видите Симеоне како Тоти со мобилен во рака да прави селфи со трибината зад себе. Чоло строго забранувал фотографирање меѓу играчите и ако нешто го вади од такт тоа е кога играчите прават селфи во соблекувална.
 
5. Ритуал
 
Чоло пие шолја чај Мате (Јужно-американски чај) и ги листа весниците секое утро. Утрата му биле идентични и никогаш не менувал ништо кога ќе стане од спиење.
 
6. Табу’
 
Политиката и економијата му биле непознати. Чоло активно учествувал на сите избори, но никогаш во печатот не зборувал на оваа тема од која бега како од ѓавол, пишува Марка.
 
7. Суеверие
 
Како играч секогаш влегувал во игра со истата нога, а штуцните ги местел на еден ист начин. Како тренер исто е суеверен и кога влегува на теренот секогаш гази со истата нога.
 
8. Црна облека
 
Чуден детал од неговиот карактер. Симеоне секогаш е облечен во црно. Баш секогаш, па дури и кога ја водеше Катанија во Италија цела сезона носел црни кошули, сакоа, одела и тренерки.
 
9. Мотивација
 
„Кога срцето и умот се сплотени, сè е можно“, напиша Чоло на својот Твитер профил на почетокот на сезоната и до ден денес им ја повторувал таа реченица на играчите. Секоја сезона имал едно мото кое го одржува до крајот на сезоната.
 
10. Никаква забава
 
Родендени? Според Чоло родендените во еден момент од животот не се слават веќе. Ако на денот на натпреварот некој играч има роденден, нема никаква забава ниту опуштање.