Off Topic

Сиромаштијата никогаш не изгледала поскапо

Прво лошата вест: Вие имате само еден долар. Пар информации за контекст: а) Најбогат човек на светот е Илон Маск  со еден трилион долари. б) Втор најбогат човек на светот е Лари Пејџ со 296,7 милијарди долари. Сега добрата вест:

ВИ како лоботомија со месечна претплата

Како човештвото да не оглупуваше доволно брзо и онака, највидливо кај младите генерации со нивната алергичност на книги, читање и сè што не се скрола, се појави вештачката интелигенција за да го забрза процесот и да послужи како аутсорсинг за сопсттвениот мозок. А како и мускули што атрофираат кога не се користат, како кола што зарибува кога подолго време не се пали... 

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Каква надреална сцена

Во некоја бразилска припиздина, тип со мачета брка пар полицајци кои бегајќи пукаат кон него. Или упорно го утнуваат или го пукаат со памукчиња, нејасно. Сеедно, цајканскиот резил го прекинува случаен минувач кој го спуца идиотот со кокос во глава. 

Верувајте ѝ на гравитацијата

Дечко секој ден на објективен начин ја решава дилемата дали да го зачисти станот, да вежба, да чита книга или пак - да се напие пиво. И секој ден му успева „да му се падне“ ова последново. Гледајте како, учете и спроведувајте по дома. 

Зошто Кинезите толку возат точаци

Комплексна е таа тема и немаме намера сеопфатно да ја објасниме. Само да ви покажеме една од причините: како изгледа полагање за возачки за автомобил.

 

Да не ја урочиме Мира Бањац, ама чујте го ова

Додека ја појадувате овесната каша со чиа, агаве и путер од индиски орев, да слушнете една анегдота од пред некое време за 92-годишната Мира Бањац, раскажана лично од колегата Љуба Бандовиќ (кој на 46 години е точно дупло помлад од нејзе).

Битлси имаат нов спот

Се разбира дека не, тоест дека не баш. Се работи за гважно-анимирана визуелизација на „I'm Only Sleeping“, една од носечките песни на нивниот култен албум Револвер кој неодамна на интересен начин беше ремастеризиран. Слушајте Битлси, се работи за основна хигиена на слушниот апарат.

Стариот жестоко зашмелца

Во својот говор во Флорида, Џо Бајден кажа дека (1) Зборувал со човекот кој го пронашол инсулинот, иако Фредерик Бантинг умре во 1941-ва, една година пред Бајден да се роди, (2) Ураганот Иан го нарече Иван (3) Го преполовил јавниот дoлг а тој е рекордни 31 трилион долари.... И тоа не е сè.

Како да преживееш во човечко стампедо

Темата не изгледа толку шашаво после онаа трагедија во Јужна Кореја во која во стампедо загинаа преку 150 луѓе. Додека стоиш и те гмечат, зачувај го градниот кош за да можеш да дишеш. Ако паднеш, врти се настрана, чувај глава и надевај се дека брзо ќе помине.

Готвењето е основна култура

Бордејн има да ти порача: „Ако наутро не можеш да направиш омлет или барем кајгана, треба да ти е срам од сам себе“, па ти како сакаш.

Ова беше трол, не оние по твитери

Да потсетиме на жената која пред едно пет години се појави на сосема сериозна полициска прес-конференција и почна да преведува на јазикот на глувонемите. Нормално, без да има абер од таа работа. Оние кои го познаваат знаковниот јазик, викаат дека на моменти мавта со рацете како да ја пее Џингл белс. 

Кина уште се бори против ковид... со ќотек

За волја на вистината и во остатокот на светот да не попуштеа мерките за борба против ковид како што е во Кина, секаде идентично вака ќе му беше смачено на народ.

Да знаете, „мама и тато“ се „хетеросексизам“

Кај доктор Фил се зборува за канселирани (читај забранети) зборови и се бараат предлози за нови. „Мама и тато се навредливи“, вели жена од публиката. Лезбејка е, имала ќерка и секогаш кога малата некаде ќе прочитала „мама и тато“, се збунувала. Па стварно не е фер.   

Прошетка низ канцелариите на Твитер (пред Илон)

Замисли дека си во ол-инклузив од 5 ѕвезди и чат пат треба да работиш, плус на крај од месецот тие ти плаќаат на тебе а не ти ним. Чисто да знаете, Твитер, како и скоро секоја голема ИТ компанија, и понатаму има проблем да ги натера вработените да се вратат на работа, место да работат од дома.

Сите овие работи до сега не беа дозволени да се кажат на Твитер

Пример, мажи не можат да забременат или мажи немаат менструален циклус или мажи се раѓаат со пенис, а жени се раѓаат со вагина. Ни најмалку спорни изјави, нели?

Планета Земја, Сер Снуп Дог

Онаа легендардно напната и драматична сцена кога гуштер/игуана бега од огромна банда змии, наместо Атенбороу, ја коментира Снуп Дог. Самиот сер Дејвид Атенбороу оцени: Ова е подобро од оригиналот. 

Како се владее Кина

Од милијарда и четиристотини милиони Кинези, колку по ваша претпоставка се членови на комунистичката партија? 200, 300, 500, 800 милиони? Ни приближно. Комунистичката партија на Кина, ја владее земјата од 1,4 милијарди луѓе со „само“ 94 милиони членови, што е неполни 7% од вкупното население.

Лесно е да се бориш во УФЦ, оди разбери се со деца по дома

Откако прегази секој што му застана од карши во октагонот, сега борбата на Нурмагомедов е „како да им објасниш на децата дека не може да им дадеш пари кога гледаат дека имаш пари.“

Батали цената на гасот, ја гледа ли некој цената на донерот?

„Големи слики,“ „глобални тектонски промени“ и слични апстракции што се верглаат кога некој сака да ја натера водата на своја воденица, никогаш не ги земаат предвид актуелните страдања на поединци. А не дека ги нема, како што ќе види германскиот канцелар.

А можело без избори, а?

Кинезите имаат нешто да кажат околу тоа што британската политика моментално изгледа како вежба во забавиште во која секое дете треба да проба да види како е да се биде премиер, без никакви избори помеѓу.

Добро, машиниве ги прават само за нас да нè нервираат?

Поуката не треба да е „во Германија сè е чисто“, туку „во Германија сè (цело време и систематски) чистат“. И тие да не чистат, истото ќе биде како кај нас, не дека се магичен народ што не создава ѓубре или не му се затнуваат шахти.

Стока

Стогови („Les Meules“) на Клод Моне е последната жртва на стока од активсти кои периодов решија ги нападнат најголемите уметнички дела на човештвото во име на сопствената агенда. Сликата на Моне во 2019 беше продадена на аукција за 110,7 милиони долари.

Енормна вишок смртност во ЕУ

Хрватскиот пратеник Мислав Колакушиќ вади шокантни податоци од Еуростат за вишокот смртни случаи во ЕУ после пандемијата. Шпанија во јули 2022 има 39% а Исланд дури 51% поголема смртност отколку просекот од 2016-2109. Има земји и со многу помали вишоци, на пример Романија и Бугарија, но, заебаното доаѓа кога ќе се спореди нивото на вакцинираност. 

Урсула набавила по 10 вакцини за секој граѓанин на ЕУ

Пишувавме за тоа но скандалот е сега во Европскиот парламент каде се бара нејзина оставка заради сомнително склучениот договор со Фајзер (71 милијарда евра за 4,6 милијарди вакцини, тоест по 10 дози за секој граѓанин на ЕУ). Урсула е мажена за Хеико, директор на американска биотек компанија за клеточна и генска терапија.

Село ко село, што дијагноза, што документарец

Што изнакажа човеков вака на поминување два автобуса сценаристи и писатели на кокаин не го пишуваат во цел живот. А и подобро да каже, да си олесни, отколку да почне да убива ко што планира.

Стив Џобс на подкаст кај Џо Роган

Звучи неизводливо затоа што и е неизводливо, ама не и невозможно. Се работи за добро увежбана вештачка интелигенција која „преслушала“ илјадници часови епизоди од подкастот на Роган и од говори на Џобс, и двете ги споила во сосема пристојно парче муабет како за вештачка интелигенција.