Off Topic

Американска математика

„450 милиони Европејци сметаат на 300 милиони Американци да ги бранат од 120 милиони Руси кои не можат да победат 40 милиони Украинци, додека игнорираат дека се под инвазија на две милијарди муслимани кои тврдат дека се прогонети од девет милиони израелски Евреи“.

Цензурата штотуку почнува, само сега ја викаат слобода

Зад нас е една деценија демонизирање на поранешниот претседател како лудак, монструм, Аца Шиптар и Аца педер, диктатор и шеф на мафијата кој нема мирно да ја предаде власта на изборите. Како сега со тоа да се прекине тукутака, преку ноќ? Не памтам вакво сладострастие во понижувањето на другите. Не памтам ни вакво отсуство на срам од најниските побуди.

Некои луѓе имаат време. И тонер.

Еден обожавател на филмската франшиза „Дина“ испечатил 240 постери со кадри од својот омилен филм и ги поставил по прецизен редослед покрај еден пат. Зошто? За кога некој ќе помине со возило покрај овој дел со одредена брзина, статичните слики покрај патот да му се спојат во течна анимација и „да му направат филм“. Океј.

Водич за пиење од Леми Килмистер

Уште во 2005 година, пејачот и фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер, во интервју даде неколку тешко стекнати совети за пиење алкохол. Тој отсекогаш важеше за исклучително веродостоен извор по ова прашање. Има тука неколку интересени цаки.

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Во новиот состав на парламентот на Србија има осум глумци, пола од кај студентите, пола од кај Вучиќ. Еден од кај студентите е и актерот Бојан Димитријевиќ, познат како наркоманот Пикац од серијата „Вратиће се роде“. На првиот ден на новата работа земал боенка, за кога ќе му биде досадно. Симпатично, ако човек заборави дека се колнеа како 24/7 неуморно ќе се борат со криминалниот октопод на претходната власт.

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Група победнички бадијалџии се собраа пред зградата на српскиот парламентг каде се одржува конститутивна седница на новиот парламентарен состав. За да им аплаудираат на своите и да викаат „уаа“ на другите (јаки потези, јаки герили). Најглупата меѓу нив ја потури со јогурт по глава актерката Лидија Вукиќевиќ која има мандат од СНС.

Каква е оваа ситуација?

Градска е оваа ситуација! Сите аплаузи за младата и згодна мултитаскинг девојка која за момент го разубавела Скопје до толку да личи на некој нормален град.

Реплика за пред пензија

Пред 25 години на 6-ти март беше премиерата на Смртоносно оружје (да, толку време помина), речиси неважен филм кој неповратно влијаеше на цела генерација филмови и тоа само со една реплика.

Тронови се ближат

Таман ако сте помислиле дека ама ич не ви е гајле кога ќе почне "Game of Тhrones," еве трејлер од втората сезона кој комплетно ќе ве разубеди. Блазе тие што уште ја немаат гледано ни првата сезона, имаат цели 10 епизоди за уживање.

Љубовта е (будење од) сон

Некои двојки собираат пари, некои собираат долгови а некои спомени од заеднички романтични моменти. Двајцава весели црепови собираат видео докази кој како бил зезнат додека спие. Чудно е што воопшто имаат храброст да заспијат.

Беше еднаш во Милано

Мерак е кога сакаш лоши италијански акции од 70-ти, а имаш доволно пари да ги собереш Гатузо, Снајдер, Матераци и Коби Брајант, а Кастелари да ти го режира видеото.

Кога нема Фотошоп и онлајн е добро

Ако си професионалец не постои програм што може да го замени Фотошопот. Ама, кога ќе заглавиш на тазе инсталиран компјутер или на туѓа машина, зорт претставуваат и најмали задачи како менување на големина или сечење на слика. Еве букмарк за такви ситуации.