Off Topic

Митбастерс: Осумчасовно спиење

Најголемата лага која упорно циркулира наоколу не е за храната или за медицината. За спиењето и сонот е. Осум часа спиење во едно парче се боготвори како златно правило и повеќето луѓе мислат дека будењето среде ноќ значи дека нешто не е во ред со нив. До кортизолот е, до стресот е, кликни за да ти продадеме мелатонин или апликација.

Се откажавме од убавото

Со векови, инфраструктурата во градовите се третирала како уметност. Мостови, фонтани, градски часовници, врати и канделабри биле правени со мајсторство и со карактер - не само со функција. Денес, јавниот дизајн дава приоритет на ефикасноста, пониските трошоци и полесното одржување. Практичност на сметка на убавината и индивидуалноста. 

Падна последниот машки бункер

Жртви на последната Инстаграм/Тикток заебанција се дечковци и мажи, фатени во една од најранливите ситуации за нивната машкост - кога серат. Има влегува нивната побезобразна половина со вклучен телефон, за на следачите да им го покаже нивниот тоалет. А таму, на тронот - тој, изваден од памет. После шокот дека оваа будалава го снима, следува залегнување, за да не влезе во кадар.  

Како да познаеш Американец на улица

Секоја култура има свој специфичен говор на телото и однесување по кое можеш да претпоставиш од каде допаѓа некој странец. Џона Мендез, долгогодишна шефица во ЦИА, споредувана со „Q“ од новелите на Јан Флеминг, во мемоарите истакнува еден интересен детал кој открива Американец. а не е да носи термос со вода или безбол капче наопаку. Се потпираат на што стигнат. Тежи целото тоа незнаење што го м'кнат со себе.

Трамп: Четири гола? Не видов јас четири гола

Хрватскиот коментатор го заврши преносот на утакмицата Белгија - САД (4:1) со зборовите „САД го завршуваат патот, Белгија победи и оди понатаму, но, да почекаме, можеби утре кога ќе се разбудиме, ќе има стигнато уште некој повик од Белата куќа....“ Го имаме и „повикот“, Трамп се распрашува за опцијата, ако ја окупираат Белгија, дали тоа ќе значи дека сепак тие победиле.

БЈР Матрикс

Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален „почитувач на делото на Ингмар Бергман”, токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец.

Тренинг спот за хумор на своја сметка

Тоа што мислиме дека милион евра за ограда на мост е ретко глуп потег, не значи дека ќе си ја стегаме душата да споделиме дека "туристичкиот серијал" ни е баш ок. Оние со Словенецот кој го глуми Стив Ирвин така - така, ама онаа со тренинг центарот е тотално по наш ќеиф. Затоа што способноста да се зезаш на своја сметка е основа на секој здрав хумор, особено националниот. И заради Мони Дамевски кој е маестралeн во спотот.

Подобро од спајалица

Сите ние летно време гледаме куп девојки кои носат отпечатоци од пластичните столиња на седеле долго и "изгледале важно". Инвентивност е кога во нив ќе видиш свои рекламни агенти.

Во случај Солун да не бидне наш

Тип на објект: базен. Име: Кристална лагуна. Локација: Сан Алфонсо дел Мар, Чиле. Должина: колку 20 олимписки базени. Кубикажа: 2,5 милиони хектолитри (= годишното производство на вино во Шпанија, Франција, Португалија и Романија  - заедно). Најголема длабочина: 35 метри. Цена на изградба: една милијарда долари. Годишно одржување: 2 милиона долари. Температура на вода: 26 степени.

Вујко Дру

Го земаш првиот пик на драфтот 2011-та и дебитант на годината во НБА, Кајри Ирвинг, го маскираш во старец што мрчи (дека на дечурланава им биле важни само патиките и слично) и им го пушташ на некои маалски додека играат баскет. А сето ова го снимаш под алиби дека правиш документарец за некој друг маалски играч (Кевин - внукот).

Мајлс Дејвис и Ненси Реган

Мајлс Дејвис бил човек кој зборувал малку. А не дека останувал недокажан. Во 1987-ма година бил поканет на вечера во Белата Куќа од страна на Роналд Реган. Не сите присутни го познавале и знаеле за кого се работи. Сопругата на претседателот, Ненси Реган, се одважила и го прашала:

Сме го јаделе

Пред легнување, запамтете си ја околината бидејќи наутро може да биде поинаква. Кинезите дигнале зграда за само 9 дена. И доцнеле 8 дена!

Сара, батали го!

Црепов заебал работа, на пијано ја преварил девојка му Сара и сега сака тaa да му прости и да му се врати. Како еден кретен мисли дека се докажува љубов и каење? Така што ќе се понижи "заради неа" и ќе се измоча во гаќи пред цела улица! Ах, колку е глуп!!!!

Државничко прваче

Оланд ја заврши полесната задача, да го победи оној гмаз Саркози. Сега му претстои потешката - да учи протоколарни процедури. Му се падна строга ама праведна учителка, Ангела душо, Ангела Меркел.

Шала, аман, шала

Автентична снимка од една мала сообраќајна незгода од Баку. За среќа, нема повредени. Од извори блиски до азербејџанското МВР дознаваме дека добриот камионџија стопирал извесна претставничка на Еуросонг која брзала на проба. Ја качил во кабината а таа по некое време почнала на чист англиски да му дава инструкции каде да вози.

Враќање во иднината

Најк го пушти 2-от дел од видеото "Write the future." Точно е дека рекламите немаат втор дел, ама како и кецот, и ова е филм. Многу повеќе луѓе, многу повеќе фудбал, малку ЛеБрон Џејмс и Роналдо во куса маичка.

Монтажа "Успомена"

Одиме во магичниот свет на руските свадбени фотографии. Главното што треба тука да го знаете е дека монтажите не се правени од сеир причини, туку по нарачка на младенците.

Парламентарен сеир

Британците не ја изгубиле изгубила смислата за хумор. Сцена од нивниот Парламент, кога пратеник по грешка му седнува во скут на колега. И почнува лавина од сеири. Кај нас седнувањето во скут е стандардна партиска дисциплина.

Дали да се чува папагал во спална?

Ако вака звучи вашиот папагал кој го чувате во спална соба, тоа е симптом дека ќе имате долг и среќен брак. Нормално, доколку си го познаете гласот.

Ти си лежиш, драгата си вежба

Баталете пилатес, кросфит и други безвезарии. Оваа вештина постои од 1974-та година, нејзин родоначелник е Тони Меккабе а сè што ви е потребно од опрема е во близина да имате или некоја кокошка или некој маж.

Преведи ми битбокс

Ви се тепа време? Копирајте го текстот кој го имате на "повеќе", пренесете го во Google translate, од полето "from" одберете германски јазик и кликнете на аудио да слушнете како звучи.

Гази гази мала

Уметноста денес знае да биде прибежиште за разнo-разна неталентентирана фукара. Пред нас е една вонаби Марина Абрамовиќ од Lilith Performance Studio чиј "перформанс" се состои од тоа што гази со своите дебелки ноџиња по табла путер и после се лизга како прасенце. Инаку, смртно досадно. Уметност, јеби га.

За подмочување

Во Русија дури и кучињата ја пеат националната химна. Хроничните љубители на етатизмот, после ова видео ќе треснат со маусот на маса и ќе викнат: Е, ова е држава!

Другарска паралела

Како тоа двајца другари не се разбираат кога навечер ќе дојде време за излегување?

Кое е вистинското лице?

Ова малку страшно ама можеби има вистина, луѓето го покажуваат своето одвратно лице само кога не ги гледаш. Чек, ви се гледаат ли и вам накази или нас дилерот нè почастил?

Паркур вотка

Каква врска има паркур со вотката? Ама баш никаква. И тоа е поентата. Максимално добро искористена неспоивост.