Неделата низ трејлери

РЗА од Ву-Танг подготвува многу луд филм, човекот што ги црташе Самурај Џек, Декстер и Пауерпаф, сега има долгометражен цртан, Колин Фарел е Шварценегер, плус два раат филмови.


The Sessions
режија: Бен Левин
премиера: 3-ти јануари 2013.

Маж кој има вештачка плуќа и речиси цел свој живот е врзан за кревет решава за прв пат да има секс, со "професионален секс сурогат" (не е проститутка)... со дозвола до свештеникот.


Hotel Transylvania
режија: Генди Таратковски
премиера: 28-ми септември 2012.

Во најголемиот, најубавиот и единственниот хотел за чудовишта, одеднаш доаѓа - човек. Тартаковски е човекот што ги смисли Пауерпаф Грлс, Самурај Џек и Лабораторијата на Декстер.


The Man With the Iron Fists
режиja: РЗА
премиера: 2012-та

Ваква е комбинацијата за филмот. Продуцент е Квентин Тарантино, режисер и една од главните улоги е РЗА (од Ву-Танг Клан) а дејството е во средновековна Кина. Плус Расел Кроу, Луси Лу, Џејми Чанг.


Robot & Frank
режија: Џек Шриер
премиера: 24-ти август 2012.

Френк е пензиониран крадец на накит, кој има две возрасни деца што сметаат дека му е досадно, па му купуваат робот. Во меѓувреме Френк решава да излезе од пензија.


Total Recall
режија: Лен Вајзман
премиера: 3-ти август 2012.

Она што пред 20 години му се случуваше на Шварценегер, сега му се случува на Колин Фарел. Да, пак има девојка со три гради.

29 јуни 2012 - 17:25