Off Topic

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

ССС - Скопски сообраќајни стресови

На најзеленото на свет, он закочи како да го укасал шкорпион или да добил мозочен удар. На 2 метра зад него, успев да закочам и да го избегнам и да поминам, жими мајка, на трепкаво зелено, ама на трепкаво зелено, бре, ни на жуто ни на црвено ! Кој ви е мој бре, на зелено почнаа да кочат, аман? Па сејф сити само казнува, не сече гениталии, ќе убиеш некој позади тебе, идиоте неопеан!

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Западот станува авторитарен, користејќи ги истите алатки за кои некогаш тврдеше дека се ексклузивен домен на неговите непријатели. Се разбира, ништо од ова не е случајност. Тоа е логичен потег на империја која со децении проектираше насилство надвор, додека ја одржуваше фикцијата за својата невиност дома. Западот не е спротивност на авторитарните режими што ги осудува. Западот е сè што ви кажуваше дека се овие „режими“.

Кобниот бакрдан на Никола Карев

Историските читанки велат дека на враќање кон Крушево, Никола Карев и неговата чета преноќиле во село Рајчани (помеѓу Кочани и Пробиштип), каде биле предадени и потоа опколени од турскиот аскер во месноста Свиланово каде што гине. Чичко Ангел од Рајчани додава месо во оваа приказна. Поточно, нема месо во приказната, тоа е и проблемот. Има една навредена жена, а тоа е сосема доволно човек да загине на 27 години.

Небањатиот Френк Запа за Американците

Ние културолошки сме ништо, ние ништо не значиме. Секоја друга земја има своја уметност, своја музика, своја драма, свои фолк танци и фолклор и сето тоа нешто значи за нив и затоа се горди на тоа. Земја која не прави нешто за да ја одржи својата култура, каква и да е таа, која не инвестира во неа и не е горда на тоа, можеби и не треба да постои.

Дилан Малвени да се јави во Перу

Не така одамна, оној редикул Дилан Малвени беше во Перу од каде одушевено раскажуваше дека имаш шамански сесии, видел многу лами, луѓето биле добри и пријатни.... „Жално е што човек мора да ја напушти својата земја за да се чувствува безбедно,“ порача Дилан од Перу. Најново: Перу донесе закон со кој транс- сексуалноста се класифицира како „ментално пореметување.“

Некој ќе мрзне, некој ќе копа јаглен

Питер Хиченс троа ги шокираше панелистите на BBC зборувајќи за фарсата наречена „Нет зеро.“ Вика, ние не само што ги затворивме електричните централи на јаглен туку и ги растуривме, убедени дека сме на прав пат. Во меѓувреме Кина гради две такви неделно, а и Индија не е покусо. „Ако ви се живее во земја во која не можете да си го загреете станот, тогаш верувајте дека нет зеро е интелигентно и промислено решение“.  

Кога ќе го запознаете Клаус Шваб и сличните, сфаќате дека се идиоти

Такер Карлсон за (уште малку) првиот човек на СЕФ: „Тој е како стар идиот, се чини и малку сенилен, појма нема што зборува, тотално невпечатлив... Колку подобро ги запознавате, толку повеќе сфаќате дека луѓето кои го водат светот се медиокритети. Кловнови. Викторија Нуланд на пример, онаа која ја започна војната во Украина, а во суштина е глупа, тажна, дебела жена. Блинкен? Не ме зезај....“

Девојката со чајот

Видела таа дека денес можеш да се нашминкаш (и објавиш на мрежи), да скршиш јајце (и објавиш на мрежи) или наостриш молив (и објавиш на мрежи) па слободно да се наречеш „дигитален контент креатор.“ Решава да се напие чај (и објави на мрежи!) при што дава увид во целиот процес: земаш кесичка со чај, ја сечеш, истураш и чекаш тоа да се раствори ко Цедевита. Дигитален контент креатор, него како!

Спиеш ли мирно Еуро 6?

Ова што гореше пред некое време е Газипур депонијата, најголемата депонија на 28 милионскиот главен град на Индија, Њу Делхи. Пожарот не беше ништо невообичаено за Њу Делхи бидејќи секое лето кога ќе дојдат пеколните температури во тамошните депонии избувнуваат пожари. Во меѓувреме ти треба на секои 10.000 км да дотураш Адблу, за да не ти се блокира колата.

Го знаете Марчин?

Од Полска е дечкото и ко октоподот е со тоа прстите по гитарата. Плус, ја користи и перкусионистички, што е особено атрактивно за гледање и слушање (а одамна го има демонстрирано Томи Емануел). Малку нервира со тоа претенциозните фаци што ги прави, ама па никој не е совршен, освен технички, каков што е Марчин. Настап на полувреме на Феникс Санс.

Кој прв ќе попушти?

Како што ќе каже непознатиот автор од интернет „живееме во епизода на Саут парк“, а зборува за тоа што во Филаделфија на улица се судрија Прајд парадата со протестите за поддршка на Палестина.

Нема баш сè на Википедија

Две фасцинантни приказни. Првата за извесна фатална Канаѓанка после која се пишувала најзначајната песна на животот, освен ако не се викаш Џон Белуши за кого Кети Смит била буквално фатална па го ушприцала со последниот негов микс на хероин и кокаин. Втората е за Стив МекКвин кој заради женска спасил глава од лудаците на Чарлс Менсон.

На маркетинг кампањата кратки и се нозете

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Чипотле“ решава да ќари на неброените инфлуенсери и обични корисници на социјални мрежи што го сликаат секој залак што го јадат, со почнување на нова пракса на давање далеку пообоемни оброци на секој што снима дур му се прави јадењето, без тоа никаде да го објави. Е па, луѓе разбраа за фората.

Замислете вака да се насанкате

Најдобите дубари се наједноставни. На жената ова ѝ личеше ок: парите се убави (500 долари) а задачата лесна, да клапне со своите раце под и над раката на овој што ѝ го дава предизвикот. Дури и оној услов, да се прави тоа со затворени очи, звучи логично, инаку би било тоа прелесно за 500 долари. Ај сега погледнете и замислете се себеси така во дуќан. И ве здогледува некој познат.

Пржење на Фаучи

Роастинг на познати фаци е еден од најурнебесните ритуали на американската култура кој тешко да  може да се изведе на други места. Политички еквивалент на тоа се конгресните испрашувања. На тапет дојде главниот плејмејкер на пандемијата, Ентони Фаучи. Му вадеа снимки што рекол, му покажуваа слики како тоа изгледало, му викаа дека е за во затвор. Поштено го спржија.

Машка поддршка

Заедно во брак се многу децении. Неодамна, жената била дијагностицирана со рак на бели дробови и оди на хемотерапија. Го потсетуваат дека од терапијата ѝ е падната косата и жена му сега пробува перики. Се гледаат. Не се сомневаме дека чичкото е добар човек, ама, пусто машко, не додржа да не ѝ каже дека сега личи на Вили Нелсон.

Комшиска ситуација

Помлада и постара комшика, не се познаваат, но помладата е сигурна дека постарата живее сама и дека одамна нема излезено, па за да биде сигурна дека сè е ок, решава да ѝ напише порака на картон: „Се надевам дека сте добро, слободно да ми се обратите за БИЛО ШТО ако ви треба.“ Пораката не остана неодговорена.

Физиката во „Том и Џери“

Сте виделе некоја од ваквите класични сцени во популарниот цртан: Том ќе се џитне во нешто што е полно со вода и додека паѓа и додека е во воздух, Џери ќе фати ќе ја испушти водата па овој ќе тресне на суво. Цепки, освен за непоправлив физичар кој ќе реши да провери дали тоа баш така оди.

И жена знае да жали

36 годишната Далиа Диполито била мажена за љубовта на својот живот само 6 месеци кога полицијата ѝ ја соопштува најлошата вест: дека нејзиниот сопруг брутално е убиен. Ова е снимката од тој емотивен момент. Само што, убиецот кого таа го нарачала бил полицаец. Мажот ѝ е жив и здрав. Додуша и таа е жива и здрава, само на долгогодишна робија. А добра, мајку му!

Како изгледаат овие од интернет, во вистински живот

Реакцијата на извесна госпожа кога ја дознава информацијата дека Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки во обивниението.

Не сум перверзен, ама...

Познаваме ликови кои имаат уште побудалски фетиши од него, ама и ова не е лошо. Дечкото гледа и снима тениски мечеви. Потоа целата неколкучасовна снимка од дуелот ја крати на десетина минути, оставајќи ги само стенкањата и гласните офкања. Најјако е што за крај, самиот се части со аплаузот од публиката. Сега на Инстаграм му бараат да ги сподели снимките.

Телохранителот на Тито кој завршил на Голи оток

Човекот го има запознато Миломир Мариќ, се викал Бошко Чолиќ и цела војна го има чувано Јосип Броз Тито, дури и носено на грб преку Неретва и Сутјеска. За време на Информбирото му се вади  муабет дека по налог на Русите требало да го убие Тито па завршува на Голи оток. Долго по одлежувањето на казната, му заѕвонува телефон. Тито. 

570 години од падот на Ѕидините на Теодосиј и крајот на Римското царство

Додека западното Римско царство доживува несреќен крај во 476 година, источното Римско царство (Византија) напредува, функционира и издржува уште речиси 1.000 години до 1453 кога турските јаничари ги прекачуваат Ѕидините на Теодосиј и влегуваат во Цариград. Во борбите, на 29 мај 1453 е убиен царот Константин XI и со тоа и официјално престанува постоењето на Римската империја.

Го знаете Бензион Милковски?

Занимлива забелешка околу сите досегашни израелски премиери - сите се со фејк имиња. Бен Гурион звучи најеврејски во свет, само што основачот на државата Израел не е Гурион туку Грун. А Нетанјаху во оригинал е Милковски (роден е во Варшава). Веројатно за да се подзаборави дека тоа се главно доселеници од Европа па да звучат како автохтони староседелци на древната Палестина.

Каков лик е овој Трамп!

„Мајка Тереза ќе ја осудеа во ваков случај,“ рече Трамп по пресудата дека е виновен дека мувал со финансиски документи за да покрие дека на порно актерката Сторми Даниелс ѝ дал 130.000 долари за во изборната 2016-та да си ќути за нивната наводна секс афера. Една афера од судницата (не сме сигурни колку е автентична ама ептен го личи) и уште неколку рикошети од овој случај.

Повторувајте „уметност не е перење пари“

Следново нешто што ќе го видите е дело на Феликс Гонзалес Торес и истото аукциската куќа Кристис го продаде за 13.635.000 долари (да, пишува 13,6 милиони долари). Со здравје да си го служи кој и да е новиот сопственик.

Што куќа се купува за 2 милиони долари во Калифорнија

Се работи за една од најскапите локации, Пало Алто, а за парите отприлика добиваш нешто поголема од оние картонските бараки во Козле и Тафталиџе. Во случај да ве бендиса а немате веднаш 2 милиони евра да ги платите, куќата можете да ја земете на 30 годишен кредит со месечна рата од околу 13.500 долари.