Off Topic

БЈР Матрикс

Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален „почитувач на делото на Ингмар Бергман”, токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец.

Илон Маск: На факултет не ве учат туку ве примитомуваат

Откако речиси секоја лекција, предавање и учебник може да се најде бесплатно бидејќи осум милијарди носат библиотека во својот паметен уред, монополот на знаењето се урна за само една деценија. Но, звучните имиња на високообразовните институции не ја ажурираа цената. За таа цена младите луѓе биваат тестирани дали можат да бидат послушни и да извршуваат домашни задачи без да прашаат зошто. На системот му треба да бидете примитомени. 

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Македонска компанија може да го рециклира Светско

По промената на спонзорствата или договорите за опрема, огромни неискористени залихи спортска опрема често завршуваат за уништување. Ројтерс направил фин прилог за македонска компанија која во сорабoтка со својот холандски партнер им дава втор живот на фрлените фудбалски дресови, торби, капи....

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

Гугл финта за кратење време

Ни го нафрлија ова топче на Твитер па ние го одбиваме до вас.

Фудбал далеку од очите

Прастаро е ова видео ама го репостираме заради правилен развој на новите генерации кои треба да видат дека фудбалот не мора да биде само тажен како кога игра македонската репрезентација туку и ултрасмешен, кога го играат Јапонци со монтирани двогледи на глава. Монтирани обратно, кога работите изгледаат пинцурски.

Маскирајте ги своите WC звуци

Чекајќи лек за рак или нова теорија која релативитетот на Ајнштајн ќе го фрли на буништето на историјата, човечката генијалност успева да се се снајде и во мали форми, во вид на апликации за телефон. Оваа е бесплатна и ќе реши еден ваш личен проблем на начин на кој и намачената планета и вашето репресирано тело ќе ви бидат благодарни.

Фејсбук промени во вистински живот

Апдејтот на изгледот и правилата за приватност на Фејсбук е моментот во годината кога сите се едногласни - епа нема цел живот они да прават како што сакаат, готово го гасам Фејсбук. Нормално никој не го брише профилот. Еве како би изгледал апдејтот кога Фејсбук би бил вашиот дом.

Некои парови е греота да не се заедно

Како да знаеш дека совршено си одговараш со некого за до крајот на животот? Никако, за тоа ќе чекаш до крајот. Ама до тогаш, ваков момент секако е добар предзнак. Срцки.

Двете раце, наопаку

Ракувањето е прастар облик на невербална комуникација меѓу луѓето. Нема поглупо кога ќе ти се случи утка и нема посмешно од тоа кога ги гледаш туѓите проблеми во комуникацијата.

Како мислиме дека ќе ги победиме Кинезите?

Ок де, не ние, ние одамна не се мериме со никого, туку да речеме, ова да беше американски сајт па ние сега дигаме паника, додека нашите деца чмаат на телефони, глеј овие другиве што прават.

Си Ен Ен, камај!

Џон Стјуарт ги фаќа CNN како лажираат драматично поврзување на две нивни репортерки на терен со помош на сателитска опрема, а двете се наоѓаат на ист паркинг. Ги измези, душа им извади.

Како изгледа DDOS?

Веројатно сте налетале на вест дека некој веб сајт бил срушен со DDoS (distributed denial of service), но повеќето корисници не знаат (или не ги занима) како всушност изгледа таа ноќна мора на секој систем администратор.

Дуче како куче

Скроз е добро што оваа земја е антифашистичка. И што во последниот светски пичвајз не бевме од страната на лошото. Но, кога ќе видиш како доброто се справува со лошото, не си сигурен дека секое добро е баш добро.

Ит из ај

Вевчанци, Струмичани, кандидати за избори, сите оние кои се сметаат за мајстори во маскирањето - очекувањата штотуку ни се зголемија.

Ова е вода

"Две млади риби пливаат и по некое време среќаваат постара риба која им вели 'Добро утро момци, како е водата?' Двете риби продолжуваат да пливаат и по некое време едната се врти и ја прашува другата 'Што е тоа вода?'"

Интернет тест за диоптер

Пред да ви го расипеме тестот, проверете колку е добар вашиот вид и дали сте за диоптер или не.

Од пијаниот и вооружената будала треба да бега

Време е да ја демантираме приказната дека од пијан човек нема никакво фајде. И тоа како има фајде, особено ако на исто место се најде будала која, само затоа што е вооружан, мисли дека за него на важат мудрите пословици.

Да видат оние што треба да видат

Стара финта употребена во најдобра намера. Рекламен билборд за кампања против злоупотреба на деца. Изгледот и пораката на билбордот зависи од која височина го гледате. Вистинската порака треба да стигне до деца до 10 годишна возраст.

Viber за Виндоус

Сервисот за бесплатни пораки и бесплатни разговори и бесплатно праќање слики, во најновата верзија стана достапен и на компјутер. За почеток го има на Виндоус и Мекинтош.

Тамблрот на трудниот сопруг

Татко во најава решава да ја раскаже целата бременост на сопругата низ гиф-ови, малку за да и ја олесни маката на нејзе, малку за он да може да промрчи без да му се лутат по дома. Почнува со работа по 3-ти месец бременост.

Како се прави ваква фотка?

Веројатно сте налетале на оваа серија фасцинантни фотографии на велосипедист пред огромната Месечина. Потребни биле само пар месеци планирање.

Светот не е без добри луѓе

Кога последен пат сте направиле добро дело? Не мора да е спасување на светот, за нешто мало збориме. На пример, да ја прекинете дневната рутина сосема на кратко, за некој друг, некој тотално небитен во вашиот живот. Руски камери во автомобили, какви што до сега не сме ги виделе.

Факти кои е бескорисно да ги знаете

Клучното тука е што ова се факти кои постојат, се шират и собрани се на интернет. Не е нешто на што би требало да се кладите.

Облечи храна

Млад кромид, црн патлиџан, перца од млад лук, зелена салата, црвена зелка. Иако инстинктивно веќе мислите во колкав тањир да ја направите салатата и дали одозгора да ставите сирење, ова е понинакво.

Старци од кафезите

На хартија, во некој спектакуларно досаден владин или невладин извештај, ова би се водело како покриено и обезбедено живеалиште, со санитарен чвор, струја и греење. Во реалноста, ова се кафези. Не се воопшто ретки и не се никава новост.

Секс совети од Маркс

За талентирани луѓе со опуштен и ведар дух, играњето со контекстите и сквернавењето на "големите вистини" знае да биде бескрајно забавно, и како процес и како резултат. Овде имаме еден врвен пример за тоа.