Off Topic

Иднината на „Безбеден град“

Некогаш Америка и Јапонија ни покажуваа како ќе изгледа технолошката иднина, во последно време тоа сè почесто го прави Кина. Во неколку градови, освен камери, имаат инсталирано и дронови кои автономно патролираат, пријавуваат гужви и удеси, регистрираат прекршоци и пишуваат казни. Во следен чекор има и да ги вооружат и да нè пукаат по улици. Сè ќе имаме, само Џон Конор ќе го немаме.

Не преточуваш нитроглицерин

Фитнес е последната работа со која ќе се занимаваме на овој сајт (ок, најпоследна е „лајфкоучинг“) но Фитнес Стефко („Нагрувај се“) баш нè весели, нè разведрува и нè смее со неговите урнебесни а реалистични коментари и забелешки на онлајн видео рецепти, при што има улога на мит бастер за работи кои ни се продаваат како здрави. Го имавме и пак ќе го имаме. Цар, цар.     

Два пати чукни си ја главата пред да се кладиш на политичар

Чат-пат регистриравме по нешто од екс надежниот српски политичар чиј живот и кариера последниве години се во слободен пад: живее во чудна врска со еден пријател, бракот му се растури, на врата му доаѓаа извршители, правеше тепачки по паркинзи и бутки... Некогаш за него се заложија ликови како Бора Тодоровиќ, Светислав Басара, Дерета, Великиќ, Пуриша Ѓорѓевиќ, Милојко Пантиќ... 

Честитка со продолжено дејство

Керолајн Левит лани на свои 27 години стана најмладиот прес секретар во историјата на Белата куќа. Неодамна, на први мај, вторпат се породи и доби ќерка. Пораки стигнувале од разни страни, една од нив многу неочкувана. Од Иран, преку нивната амбасада во Ерменија. Ѝ честитаа за бебето но и ја потсетија на нешто морничаво на што треба да помисли кога ќе ја бакнува малата Вивијана.

Ќе го отворале теснецот (кој и онака беше отворен)

Целите на криминалната агресија врз Иран никогаш не беа јасни но сега стануваат гротескни. Трамп се закануваше дека ќе ја збрише цела цивилизација, Биби го убеди дека режимот ќе падне само ако го убијат ајатолахот, ќе ги уништуваа нуклеарните капацитети (за кои лани викаа дека ги уништиле), ќе го земале збогатениот ураниум... По најново, главна цел на војната е да се врати состојбата која постоеше пред да тргнат во војна. Јако. 

Нора Џонс и Хери Мек? О, да!

Ги сакаме и двајцата. Ќерката на Рави Шанкар ја имаме објавувано во неколку наврати (види овде) а на мозокот на фристајл раперот кој важи за Моцарт на импровизациите уште не можеме да се изначудиме (види: Како работи тој мозок, побогу?). Иако се бават со навидум неспоиви жанрови музика, заедно си одговараат како патлиџан и босилек.

Ти си ќерко татин син

Теткиве советуваат никогаш да не му дадете на мажот да одбере име за детето. Даваат поучен пример: маж и жена од Австралија чекале бебе, идниот татко рекол дека има убав предлог за ќерката, да ѝ дадат име Ланесра. На жената тоа име ѝ се бендисало, и звучело уникатно и романтично. Сè додека еден ден не сфатила од каде потекнува тоа име. Било доцна. 1:0 за него.

Крис Куомо си олесни душа пред народ

Како тоа они ќе се борат против корпорациите, кога ене ги копорациите горе во ложа што ја платиле милион, милион и пол долари за да бидат тука? П.С. во 2000-та потрошени се 300 милиони долари на двете претседателски кампањи. Годинава се очекува сумата да биде околу 10 милијарди.

На толку напредок, пак до никаде не сме стигнати

Иако нема целосно познавање, сепак човештвото има прилично добра слика за тоа што се случува на површината на планетава и во воздухот. До некаде истото важи и за водата. Меѓутоа сме дибидус за тоа што сè има под земја. Најдлабоката дупка што ние како човечки вид (поточно СССР) ја има ископано е 12,2 километри, што е 0,02 проценти од радиусот на Земјата.

Што знае Камерунец што се 9 тони песок на ден

Корекција, овие 9 тони се за 1-дневна смена од 4 часа. Бонус, песокот не се претовара од куп во камион, туку се вади со нуркање и со кофа. Колку пати треба да се нурнеш за да извадиш 9 тони песок за 4 часа? Околу 300 пати. И сето ова за 12 долари на ден.

Резилот не е незаслужен

Австралиската брејкденсерка Рејчел Ган едногласно беше прогласена за најлоша спортистка што се појави на годинешната Олимпијада. Овој статус го потврди и натпреварот во брејкденс од Параолимпијадата која е во тек.

Едни бројки да чуете

Американскиот ланец супер-маркети, Костко, успева 12,4 пати годишно, значи нешто повеќе од една месечно, да ја продаде целата своја залиха. Ако се земе предвид дека просечниот рок за плаќање на добавувачите е 30 дена, тоа значи дека Костко има врзано 0 долари во залиха.

Арсенизми

Пред девет години почина големиот хрватски музичар, шансоњер и поет Арсен Дедиќ чија музика и поетика може, но и не мора да ви кликне на прва. Роден во Шибеник, растен на истата улица на која се растени и Мишо Ковач и Вице Вуков. Човек кој откако го прекориле што пак пие после ризичното но успешно пресадување црн дроб во Италија, има вратено: "Ме заболе, не е моја". 

Ведрана Рудан: Не жалам за ништо

Денес знам дека моите деца тогаш беа мали животни кои мораа да бидат слатки за да преживеат. Го сакам само мојот сопруг. Тој не се смени. Се каам што раѓав, мислев дека ќе родам вечна љубов. За поранешните ловци на моите гради полни млеко, живо ми се ебе. Ракот го одврза јажето што ми го окова срцето, моите деца нека си се борат со своите бури, јас одамна не сум нивен капетан.

Сите асоцијации се на ваша душа

Ако мислите дека насловот на ова видео е „Офицери на Вермахтот ги разгледуваат опциите на фронтот, 1944 година, колоризирано“ - грешите. Тоа се само двајца актуелни офицери на Бундесверот (германските вооружени сили) кои на германска телевизија деновиве ги разгледуваат бенефитите од украинската офанзива на Курск. Малку е ежење, нели?

Кошарката како опиум за црнците

И Чарлс Баркли е на линија на она што брутално беше опишано во статијата „Кажете му не на спортот“. Вика дека на црнечките деца им е испран мозокот со кошарката и сонот дека еден ден ќе играат во НБА. Додека кај белите деца, 90 осто сакаат да станат доктори, правници, што и да е, кај црните толкав процент мечтаат еден ден да станат НБА играчи. А од погрешни сонови, кога тогаш ќе те разбуди јавето.

Вести од новата Северна Кореја нагалено наречена Англија

Пресуда. За нешто што некој напишал на Фејсбук. Дека нејќе парите да му одат на мигранти кои „ги силуваат нашите деца и добиваат приоритет.“ Судијата ќе рече „ова е толку сериозно дело што не може да мине без итно упатување во притвор,“ па откако соопшти дека му ја намалил казната за една третина заради признавање на делото, го осудува ликот на единствена казна од дваесет (20!) месеци затвор!

Кажете му не на спортот

Сте размислиле за невидливите жртви на врвниот спорт? Пеле има упропастено безброј мали Бразилци. Како тоа? Понесени од неговиот глобален успех, се далдисааа и тие да стануваат фудбалери... останаа во фавелите, без образование, знаења и перспектива. 12.500 црнечки деца пропаѓаат за еден од нив да потпише за НБА. На ист начин ќе ги понесе и приказната за Ѓоковиќ, па ќе баталат книга, занает, било што што ќе им затреба во животот. Тачдаун.  

Фаучи фатил ковид по трет пат, после шест вакцини и бустери

Во 2021 година, првиот човек на американскиот (значи глобалниот) фронт против коронавирусот ќе рече: „Ако се вакцинирани, заштитени сте.“ Нешто подоцна истата година, ќе потврди „Кога луѓето се вакцинираат, тие можат да се чувствуваат безбедно дека нема да се заразат“. Три години и шест вакцинации и бустирања подоцна, Фаучи признава дека пред некое време третпат закачил ковид.

Брз тест за интелигенција

До половина од тестот му одеше добро: неговата тежина ќе го подигне товарот закачен на другиот крај на јажето кое минува низ чекрк. Во вториот дел, за жал, падна. И тој на тестот и товарот врз неговата глава.

Вие мислите на милијардери лесно им е, купи јахта и не ти чуе, а?

Седиш на твојата јахта од 120 милиони долари и од карши гледаш како се појавува друга јахта ко за инает 5 милиони долари поскапа од твојата. Ај налет тоа, ама како се појавува јахтата почнува да се движи кон тебе и се движи и се движи...

Срби афтер ворк: Од расол до Гасол

Не го гледав доделувањето на медалите, туку (будала) отидов на Твитер за да пробам да разберам што се случувало после натпреварот и го заклучив следново: Доделувањето на медалите доцнеше затоа што организаторите се обидуваа да ги најдат српските кошаркари по Париз. На крајот ги најдоа на скара „Код Миќе Лепог“ во 18-от арондисман (или како што би се рекло кај нас, „бецирк“).

Сè што треба да знаете за дронови во војна

Тоа што лета на снимката е руски хеликоптер МИ-28 со некоја проценета цена од околу 18 милиони долари. Тоа што го снима МИ-28 и за некој момент ќе го собори е некаков си дрон со вредност не поголема од неколку илјади долари.

Не може да продаваш пица и да не ти оди бизнисот. Не-мо-же

Експериментот е следниот, дечко, во улога на трговски агент за пици, ненајавен се појавува на врата и ти нуди да ти продаде пица што воопшто не си ја нарачал. Еве, тргни од себе, би го вратил?

Мешање е бизарно, дури и кога е најлегално

За разлика од мешање мажи и жени, мешање категории во боречки вештини е сосема легално, востановено и обично се води како борба во апсолутна, или, на Олимпијади, во мешана категорија. Тука ги имаме легендарниот француски џудист Теди Ринер со своите 145 килограми и Јужнокореецот Ли Хун Хван, со 81 килограми. Без разлика како ви изгледа разликата од над 60 кг, оваа борба и понатаму е драстично порамноправна отколку која било борба меѓу жена и транс-жена со иста килажа.

Победници и лузери

Тој Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку години беше идиот во медиумите, сега повторно е шампион. Не успеаја да му ја уништат кариерата. Таквите сега веројатно се во некоја дупка каде што чекаат нова пандемија, нова климатска криза или некоја војна кога повторно би можеле да добијат шанса да шиканираат некој кој е поголем и подобар од нив.

Хиченс некогаш и Стармер денес

Некои луѓе не можат меѓусебно да ги соочат аргументите заради едноставни биолошки факти. На пример затоа што едниот е жив а другиот,за жал, веќе не е. Меѓутоа, има луѓе кои можат да видат и подалеку од својот животен век за да предупредат дека треба да се пружи отпор додека се може, бидејќи еден ден ќе биде предоцна.

Ричард Докинс се одјавува со турнеја

„Имам 83 години и патувањата не се пријатни како што некогаш биле. Ова е мојата лебедова песна“, вели прочуениот еволутивен билог Ричард Докинс, веројатно најпознатиот жив провоборец на атеизмот, најавувајќи негова финална турнеја во 10 американски градови, од Далас до Ванкувер. А ќе фали стариот "да прави бељи", исто како што фали Хиченс кој прв отиде да провери дали таму горе (долу) има нешто.

За луѓето што не јадат кориандер (и магдонос)

Следен пат кога ќе видиш некое мажиште како треби магоднос од салата ко да се срчи од стакло, имај предвид дека не е до него и дека не се пренемага, туку вистински не може да го поднесе и тоа на генетско ниво.

Родителите на кои Швајцарија им го одзема детето

Што е гревот на родителите? Што не си ја послушале својата ќерка кога на 13-годишна возраст им кажала дека се чувствува како момче, па да и лупнат блокатори на пубертет. Казна, одземање на роденото дете, за да може да почне да се лупа со терапии за промена на полот.