Off Topic

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

Олимпијката која не паѓаше така лесно

Уметничкото лизгање ни е на опашката на нашите олимписки интереси ама во тој спорт имаше една црнкиња со јаки нозе која што ја заслужува сета почит заради одважноста на авторитетите да им плесне шамар.

Зошто ме мразите, што сум ви згрешил?

Ново пакетче од шармантниот серијал на Џими Кимел, познати фаци читаат хејтерски твитови за нив. Бил Мареј се има ептен средено за снимање.

Времето е пиво

Оригиналот гласи дека времето е злато, ама во некои земји и пивото знае да биде слично ексклузивно. Прашањето е: ако си на минималец, колку време треба да работиш за едно пиво? Одговорот гласи вака:

Битката за ранетите

Бидејќи никако не можеме да ви го претставиме овој студентски филм без спојлер, треба да знаете две работи: дека тема е мастурбирањето на младите кое е поистоветено со воена опасност и дека Универзитетот од Ајдахо од кој потекнува филмчето е тесно поврзан со тамошните Мормони. Не ги оставајте ранетите на бојното поле? Е што, да ги превиеме со палома? 

Збир на неофицијални правила по држави

Англија
- Секогаш стој во ред. Никогаш не се туркај. (Ако го прекршиш ова ќе добиеш сериозно намуртени погледи)
- Секогаш жали се за времето.

Холандија
- Ако пешачиш во лента за велосипеди, велосипедистите НЕМА да подзакочат или да скршнат за да не те удрат.

Другото збогување од The Tonight Show

Џеј Лено синоќа за последен пат во својот живот го водеше The Tonight Show (ваљда!). По тој повод ви го пуштаме прошталниот говор на Конан О'Браен, кога по неколку месеци беше протеран од The Tonight Show за на негово место да се врати Џеј Лено.

Единствениот искрен Фејсбук филм

Збориме за овие филмовите што сега го преплавија вашиот ѕид по повод 10-от роденден на Фејсбук. Вака би изгледала вашата ретроспектива на ФБ ако сте искрени.

Како да победиш во Flappy Bird

Тие што го пробале ѓубрево знаат за што зборуваме. Тие што не ја пробале играва, аман немој.

Човек, како софтверски тоа звучи

Познатиот футуролог Реј Курцвајл е познат по идејата за сингуларност - точка кога компјутерите ќе го постигнат капацитетот на луѓето па ќе можат да се вмрежуваат со нив. Во видеото објаснува како мозоците ќе ни работат на компјутер.

Блуперите од Тор 2

Тор синот на Один и синот на Марвел, во некои од не така славните моменти од снимањето на вториот дел "Тор: Мрачниот свет."

Интернет, еве ти мачка

Воведот го решивме со насловот.

Мизерни мажи

Не затоа што се родени мизерни. Туку затоа што се родиле како мажи, па фатиле девојка или се ожениле, а таа решила дека во некој даден момент во нивниот живот тие копнеат да одат со неа на шопинг. Резултат, Инстаграм профил со мажи одвлечкани по продавници.

Едно големо органско ништо

Нутриционистички и здравствено, разликата меѓу органската храна и регуларната е во тоа што оваа првата е поскапа за производство и поскапа за купување. И ништо друго. Плус, не постои никаков начин да се прехрани човештвото, без користење на конвенционалниот не-органски начин на одгледување на храната.

Бојлерчино

Ставање вода од бојлерче во кафето и онака е богохулење за овој бесценет пијалок кој некогаш ни е единствената причина сабајле да станеме од кревет. Овие двајца мамлази одат чекор понатаму. 

Руското смартфон чудо

Елегантен, минимален и руски. Се вика Јотафон, тера на Андроид и меѓу другото има уникатна способност, кога ќе ја цицнете батеријата, го вртите на другата страна.

Сите можни реклами од Супер Боул 2014

На 48-от Супер Боул имаше вкупно 58 реклами (колку што ние можевме да собереме). Сме кажале ама да потсетиме, спот од 30 секунди чинеше 4 милиони долари. Ги собравме сите и ги поделивме во категории. Изволте.

Вицови за пред гранапче

Научниците не важат баш за најголемите мајтапџии на светот. Но, тоа не е се. Изборот и презентацијата на следниве вицови на кои се кикокат луѓето од фелата е правена од нивен репрезентативен примерок, прочуениот Стивен Хокинг, физичарот и космолог кој никако да се реши дали постојат црни дупки или не. Го знаете Хокинг, не е тоа баш стенд-ап.

Свадбен фотошоп хорор

Оваа збирштина фотографии ја сркаме од легитимни претставници на прочуената руска естетика. Толку е лошо што Сталин со мирна совест би можел да полни Гулази за ова. 

Зошто мажите се кул и зошто ќе изгубат

Деновиве пренесовме за мапите со автоматското комплетирање на пребарувањата на Гугл. Кога почнувате да пишувате нешто и врз основа на тоа што останатите веќе барале на тој збор, Гугл погаѓа што ве интересира. На таа тема читател ни испрати два скриншота кои ќе ви го објаснат насловот.

Непријатно видео на денот

Дечкото е Србин што живее во Хрватска (во село во околина на Барања на самата граница со Србија). На почеток од 90-ти, (има 18 години) српската војска доаѓа кај него во село, му дава калашников и го носи на фронт. Таму мести мини. Ја преживува војната ама не без проблеми. По некое време на пијано, ненамерно, ја застрелува девојката со пиштол во глава. Оди во затвор. Документарецов со него е снимен во 2010-та, повторно во истото село во околина на Барања, од 3-ца хрватски андерграунд филмаџии.

Некогаш треба да дојдеш многу високо за да сфатиш колку си мал

Нова перспектива на чудесниот рекорд на Феликс Баумгартнер од 2012-та година, кога  рипна од работ на вселената. Моќно, лудо и прилично напнато.

Ги знаете Ред хот Чили Пајперс?

Популарна група од Шкотска, свират на националните гајди и имаат феноменална верзија на Wake me up! Дозволете си ги, нема да згрешите.