Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Анти-стрес мадиња

Сега секој може одвреме навреме да ги почеша, без разлика дали ги има во својот основен пакет. Овие се лепат по масата на која работите и во секое време ви се при рака.

Што твојот браусер знае за тебе?

Само со отворање на која било страна преку твојот браусер (Фајрфокс, Хром, ИЕ...) може да се дознае: твојата локација, што софтвер користиш, што хардвер користиш, каков интернет имаш и брзина на интернет, на кои сè социјални медиуми си логиран, да ја скенира мрежата на која си закачен за останати уреди.

Ова треба Оскар да добие

Што и да ви кажеме, нешто ќе упропастиме. Си работат луѓето, секоја чест.

Како Есма треба да биде дочекана

Искрено се надеваме дека таму негде горе, Есма и Љиљанa Петровиќ Батлер ќе успеат да ги надминат овоземните недоразбирања кои ги имаа додека беа меѓу нас. И дека ако има Господ, ќе ја натера Љиља да ја пречека Есма со некоја од овие песни.

Неудобно ви е некако?

Решете се од тоа чувство како јастог. Тој успева да расте само благодарејќи на тоа чувство на нелагодност и притеснетост. Да имаше јастогот доктор, ќе му дадea валиум. И никогаш немаше да порасне.

За бизнисот со природни елки за Нова година

Лошо: за божиќни празници во САД, фармава сече и продава еден милион елки. Добро: секоја следна пролет на местото на исечените дрвја, сади еден милион нови елки. И така цело време. Просечната елка е висока околу 2 метри и се сечe 8 години по посадувањето. Овие милион дрва треба да бидат исечени во рок од 6 недели.

Како Кинезите прават мутерче

Ние имаме ковачи, Хрватите имаат и Мишо Ковачи ама Кинезиве се вон секоја конкуренција.

Зошто нашите партнери нè излудуваат?

Затоа што сме убедени дека во љубовта бараме среќа а всушност сме во потрага по едно чувство кое за првпат го имавме во детството, смета филозофот Ален де Ботон кој поголемиот дел од својот работен век го мина промислувајќи ја таа заебана психоемотивна машинерија наречена љубов. Што би се рекло научно: месо гледа, компир вади.

Сакам да бидам претседател

Песната е снимена во Флорида во 2009 година, ама па што. Паљачо и Дисторзија.

Како изгледа поправање на џиновска гума од 30.000 долари

На еден од оние џиновски булдожери му се дупнува (или како и да се оштетува) гумата, по што завршува на поправка. Процедурата наликува на операција на човек, ама за разлика од операција е чисто уживање да се гледа. Доброто е што гумата има гаранција од 4.000 работни часови, па ова не се така чести поправки.

Дутерте во божиќно расположение

Во сеопштата војна против нарко-дилерите на Филипини убиени се 5.617 криминалци, од нив над 3.600 се убиени од улични осветници, другите илјада и кусур од полицијата. Дутерте во изборната кампања најави дека ќе убие десетици илјади криминалци, притоа повикувајќи ги луѓето да убиваат нарко-зависници. Кога дојде на власт, се што вети почна да остварува, а овие над 5.600 луѓе се убиени од 1-јули годинава. За Божиќ тој испрати срцепарателна порака до целата нација - гледајте ова да не ви е последниот Божиќ.

Кога е време да дадеш отказ на работа?

Веројатно прв симптом - си почнал да кликаш на видеа за тоа "Кога е време да дадеш отаз на работа".

Роботот што веќе ти го има научено потписот

Поштен човек ќе се воодушевува на технологијата и инженерството зад нејзе. Криминалец ќе се воодушевува на способноста на машинава совршено да напише кој било потпис и одма ќе бара кој може да му ја донесе (по можност без царина).

Суперхеројот што му треба на човештвото повеќе од кој било Авенџер

Супермоќта што ќе ја поседува овој праведник е на луѓето во лице да им кажува дека "серат", и соодветно на ова тој ќе биде познат како - Булшитмен. Најдобриот дел од целата работа е што ликот, супермоќта и името се дело и желба на - Карл Пилкингтон, богот меѓу луѓето. Плус, сака да лета.

Изворот на мемето

Кога конечно си нашол оправдање за тоа што си го посветил животот на собирање корици од шкарт екс-Ју албуми, па веќе другарите не те гледаат како фрик. Или на кратко - Југомеме на Тамблр.

2016 во една фотографија

Сликата на 2016 во меѓународната политика по брегзит, претседателски избори, почеток на претседателска кампања и референдум за устав.

Фејсбук не е бесплатен

Тоа што не ти бараат пари за да користиш нешто не значи дека луѓето не заработуваат пари од тебе, а оваа алхемија на правење пари од податоците од своите посетители Фејсбук ја има совладано непоправливо добро.

Англиски за почетници

Иако пред некој месец сами се спасија од миграцијата, сценариото само по себе е британски кошмар: полски пензионер кој успева за кратко време да да научи англиски јазик и трга за Британија. Ај сега да видите како така црно сценарио може да се направи неодолива божиќна реклама.

И ти ли брате Монтреал

Првиот снег секогаш е посебен сеир кога ќе зафати делови од планетава што снег имаат видено само на Зимска Олимпијада, ама не и за луѓе што редовно се потрупани со снег, како жители на Монтреал. Во нивна одбрана ова се случува на удолница.

Амазон отвори продавница без каси

Од комоцијата што ја доби откако речиси го уништи бизнисот на физичките продавници, Амазон фати да иновира на тема продавници / супермаркети и реши во погон да пушти гранап (горе-доле) без каса. Идејата е на влез се чекираш со телефонот, и после само полниш во торба, кеса, џепови, а они сами знаат што си земал и колку да ти наплатат.

Монодрамата на Цеца

Со темата на песната „Дидуле“ на Цеца се заебаваа дури и некои нејзини најпопалени фанови. Но смени го контекстот, преработи ги истите тие зборови во поинаква емоција, интерпретирај ги во нецецин свет и - одма друго е.