Off Topic

Анатомија на една пропадната револуција

„Само вие вреѓајте ги па ќе ги добиете нивните гласови,“ иронизира Милан Миленковиќ, српски радио-водител со луцидни, остри и провокативни опсервации. Резимира како шарените го вратија Вучиќ во игра а сепак остануваат надмени кон небањатите ќаци, заборавајќи дека демократијата е еден човек - еден глас.. „Подеднакво ми е тежок триумфот и на власта и на опозицијата,“ вели Миленковиќ.

За 20 години Израел нема да биде држава

Вакво предвидување нуди пензионираниот американски полковник, Лоренс Вилкерсон, некогашна десна рака на Колин Пауел. Проценува дека Израел ќе лизне во некаков апартхејд, отфрлен од светот како некогаш Јужна Африка. На времето, цел генералштаб го има советувано ХариТруман да не го признава, бидејќи со толку многу антагонизирани Арапи околу него, Израел претставува стратешки хендикеп.

... толку полошо по фактите

Колумнистката Мелани Филипс (екс Гардијан, лондонски Тајмс, Спектатор...)  ја дијагностицира актуелната состојба на Западот каде поради идеологиите, протерани се фактите, објективната реалност и рационалноста. Ништо не смее да застане на патот на замислениот совршен утописки свет: дека мулти-култи ќе ги елиминира предрасудите, дека зелените агенди ќе ја спасат планетата... Кој извади докази против тоа, го јадел.

21-от век: Да го слушнеме албумот што немаше да го слушнеме

Лоша (и стара) вест: Лани се разотидоа Васко, Раде и Дени од 21-от век, еден од најавтентичните бендови на овие простори, финиширајќи го материјалот за новиот мини ЛП. Добра (и тазе) вест: На Васко Бумбикс, најжилавиот фајтер во македонскиот музички ринг, му било жал песните да пропаднат и да не ги чуе уво па ги понуди на „нека се весели народ“. На човек да му е криво што нив ги нема а некои офтики упорно го рециклираат својот неталент.

Ведрана Рудан: Оние кои и на мравка газат

Во војна поелсно е да се гледаш себеи како жртва отколку како злосторник. Постои ли индидивуална вина или пак колективна вина? Кому му е гајле. Важно дека светот се претворил во „пекол“ и дека по некое време повторно ќе стане „добар“. Еден од убијците кои ги познавам има внука. Среќен е. Видов солзи во неговите очи.

Стварно, зошто не оставаме бакшиш на пазар?

Ќе оставиме бакшиш на келнер што ни донел јадење на маса, ќе му дадеме бакшиш на дечко од деливери сервис што ни донел храна до дома.... а на пазар ќе се стегаме па и ќе гледаме на која тезга е поевтино за десет денари. Не зборуваме за прекупци/накупци. По пазари и по оние импровизирани тезги пред маркети уште има стари луѓе кои ни носат убави работи од бавча и од двор. Израдувајте ги тие скромни луѓе, заслужуваат.  

Порно дијалог на денот

Кога си порно глумец ама важно ти е сценариото да има логика.

Азрањено пушење

Песната се вика "Лијепе жене пролазе крoз Зеницу" и е нов мешап на Апостол кој толку ќе ве поремети што нема да бидете сигурни кога кој дел и од која песна оди.

Не е сè така... докажано

Во некои земји портокалите се зелени, тежината на облаците може да се споредува со таа на слоновите а Цезар носел ловоров венец зашто ќелавел, дел од тврдењата изнесени во делото The Second Book of General Ignorance.

Нацртај си песна

Мрдањето маус никогаш не било порелаксирачко од ова. Некако се ти е раат (колку што може додека седиш пред компјутер и чекаш да дојде 5 саат за да си одиш дома.

Микро-имитации

Формулата е: таа и таа славна личност, во таа и таа ситуација. Дана Карви тоа го прави 17 пати.

Џандарски работи

Да стигнеш кола што ја бркаш и да ја застанеш, и не е најтешкиот дел. Проблемот е да го направиш ова без да треба цела твоја предница да ја носиш на мајстор. Решение, нешто налик ласо за гуми.

Таму крави, овде волови

Лежат по улица, дозволуваат да газат преку нив и - среќни се. Македонија до Индија!

Да видите која лепенка е Гери Џонсон

Пишувавме и за него и за неговите, ама да го видите на една трибина за марихуана (како брат Љубе кога залегнуваше). Гери Џонсон беше гувернер на Ново Мексико и сега е лидер на третиот пат  во трката за американски претседател. Уживаше поддршка и до 9% од гласачкото тело што значи дека 10-тина милиони Американци би сакале баш тој да ја води оваа светска супер сила. 

Кога Боуви реши да му попушти на мајорот Том

Дејвид Боуви знаеше што значи Spаce Oddity за неговата кариера ама веројатно баш заради општоста и консензуалноста околу таа песна, одбиваше да ја свири. Како што е Creep за Рејдиохед, како што Рамбо ја нејќе Заставник Џемо, како што би му било на Џони ако му ја побараат Лепе жене, како што е Ајс, ајс, бејбе за Ванила Ајс, ама па, пустиот нема друга. Елем, муабетот ни беше дека Боуви не ја свиреше Spаce Oddity. Отстапка направи на својот 50-ти роденден.

Планот за пресушување на Средоземно Море

Во 1920-тите германски архитект предлага делумно сушење на Медитеранот. Според него, потребно е нивото на водата да се намали за околу 100 - 200 метри, што доволно ќе ја повлече водата за Европа и Африка да можат да се поврзат на неколку места, и да се отвори нова површина за живеење / градење. По неговата пресметка, за ова да се постигне, треба да се направи брана кај Гибралтар, и уште две помошни. Еден од проблемите е што во тоа време нема доволно бетон во светот за да се изгради браната. А има и други проблеми.

Како да разликуваш добра од лоша анкета

Лоша анкета ти е како да пробуваш каква е чорбата, ама си земал само една лажица од горе. Добра е ако прво си ја промешал цела чорба, убаво до доле, па дури потоа си извадил една лажица.

Нова, точна мапа на светот

Мапата изработена од Аутаграф ја доби наградата Гуд дизајн 2016, а нејзиниот главен подвиг е што успева точно да ја претстави површината на континентите на светот, нешто што сите други мапи со векови го лажираат.

Разлика меѓу дизајнер и клиент

И разликата меѓу дизајнер и обичен корисник, и разликата меѓу очекувањата и реалноста, и разликата меѓу уметност и дизјан, и кои се работи дизајнер треба да ги одбие. Посебно ова последново.

Кој е за искрена медитација?

Препуштете им се на инструкциите и релаксирачката атмосфера на видеото. Откако ќе се ослободите од баластот во себе, од вас треба да излезе едно просветлено: Fuck That!

Мексико, си го јадел

Краш тест на два Нисана, еден против друг. Едниот е најевтиниот модел што се продава во Мексико (Тсуру), другиот е најевтиниот модел што се продава во САД (Верса). Види наслов.

Неколку минути драма за 27,8 милиони долари

Земете го кое било финале во фудбал, помножете го со трите најнапнати натпревари во ракомет на македонска репрезентација, и нема да бидете ни приближно до драмата во оваа рака покер. Комплет сценарио, позитивен лик, негативен лик, споредни улоги, тензија...

Две видеа за дебели

Заради комплексноста на проблемот иако двете видеа се крајно спротивставени, и двете се точни. Симплифицирање на стероиди: 1. Не е срамота да бидеш дебел, 2. Не ти се другите криви што си дебел и ако ти е проблем, не е тоа нешто што не можеш да го смениш.

Проклетството да го добиеш тоа што ќе го побараш

Или по ново кажано: Спиеш ли мирно Џоне Оливере? Снимката е од летото 2013, кога Оливер го менуваше Стујарт како водител на Дејли Шоу.

Како се доцни на работа?

Прописно долг список на сите можни настапи, ролји и оправдувања кога доцните на работното место.

Вашите 6 секунди

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа.

Приказната за краутрокот

Одлична Би Би Си приказна за германскиот звук роден кон крајот на 60-тите, поспрдно наречен Краутрок. Нејќеле да звучат германски (заради багажот на Германија од тазе војната), а нејќеле да звучат ни англиски. Па им останало музички да ја дефинираат вселената.

Другата страна на чудата

Како кога гледаш вести на телевизија а потоа ќе ја видиш Македонија преку својот прозорец.

Руски лајфхак на денот

Нема зошто да не веруваме дека ова успева. Проблемот што ова видео го решава е: како да ставиш кока-кола, пепси или сличен кола пијалок без да ти се прави пена. Иако цело видео е на руски, сè ќе разберете. Ретко воодушевувачко решение.

Кога ти си ѓубре, а она е пасив-агресив

Како што ќе каже првиот коментар на Јутјуб: "Носи црвено за да не се познава крвта."