Мешано

Терористи во Македонија

Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници."

Упатства за разбирање на мажите

* Ако лежам и мижам на тросед а телевизорот е вклучен, не значи дека не гледам.

* Како мислиш "зјапам," кога она стои точно пред мене?

* Ако те гледам наутро и потоа навечер, зошто ме бараш на работа?

Кругот е затворен

Ѝ доаѓа швaлерот дома додека маж ѝ бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот, не знаејќи дека и синот е внатре.

Добриот грав далеку се слуша

Еден ден запознав прекрасен господин и веднаш се заљубив во него. Кога стана јасно дека ќе се земеме, решив да престанам да јадам грав.

Каков човек е Даниел Кајмакоски?

Добар, предобар. Посветен на фановите, љубезен кон општеството и природата, погоден за пријател, другар, комшија, идол и зет за ќерка.Тоа македонската интернет јавност интуитивно го препозна па на неговиот ангелски глас додава и белешки за неговата чак норисовски добра природа.

Компјутерски фори за чаталење пред други

Твојата вештина со компјутери е правопропорционална на тоа дали во околина има некој што одма знае да ти го реши проблемот и колку време си решил да гулглаш решение за истиот. Ако одговорот на првиот дел е "Да," тогаш вториов дел никогаш не се случува. Еве нешто што може да ви се најде при рака во понатамошното дремење пред монитор.

Рокенрол тривија

Десетици интересни факти за рокот кои ќе ги заборавите додека сте рекле е-дур.

Писмото на Стенли Кјубрик

1970-та година. Стенли Кјубрик дознава дека студиото MGM планира да сними продолжеток на неговиот филм Одисеја 2001. Нему не му се сака тоа, ама адвокатот му вика дека според договорот, имаат право на тоа. "Ако, ја ипак ќе им пишам едно писмо," вика Кјубрик.

10-те омилени фантастики на Нил ДеГрас Тајсон

Човекот е астрофизичар од Харвард, со посебна дарба да преџвака комплексни концепти околу физиката, вселената и општо науката, и да и ги послужи на публиката во "човечка" верзија. Освен ова посебно има мерак да уништува филмови кои безобѕирно ги игнорираат законите на физиката (како сцената од Ѕвездени патеки во Темнината, кога Ентерпрајз се крие под вода). Ова се неговите омилени научно-фантастични филмови.

Зошто комунистите пропаднаа?

Меѓу другото, пропаднаа затоа што беа глупи па сакаа све нешто да регулираат (ало, вие горе, ви текнува?). Имаме една пишурија листа на забранети песни во Украина од советското време. Не од времето на Сталин, ами од 1985-та година.

Упатства за паралелно паркирање

Последното домашно видео на тема жена версус паркинг, ја потврди тезата дека Господ на жените им дал да живеат просечно 8 години подолго од мажите само за да им го компензира времето изгубено на паркирање. Да пробаме да помогнеме на темава:

Ќути што не сме генијалци

Лудата страна на најпаметните меѓу нас.

Автостоперски водич низ технологијата

Во чест на Даглас Адамс фановите деновиве го одбележаа нивниот "Ден на пешкирот". Адамс беше човек кој знаеше со малку да зборови да произведе едноставни а генијални заклучоци. Еве што рече за нашиот однос кон технологијата.

Кој бира (повеќе од 36,8%), мастурбира

Да ви раскажеме еден математички модел за тоа како се одбира вистинската жена. Верувајте, бидејќи на светов има повеќе луѓе кои се разбираат во математика отколку во жени.

Пресвртен момент во една кариера

Ова е моментот кој означуваше крај на професионалната кариера на тореадорот Алваро Мунеро. Сам објаснува за што се работи.

Како СССР ги решаваше проблемите со заложници

Во средина на 80-те кога на големо беснее војната во Либан, луѓето на Хезболах во Бејрут во киднапираат 4 советски дипломати. Советите својот проблем го решаваат во рок од 30 дена.

Женски шовинистички свињи

Како знаеш дека твојот маж е веќе мртов?
- Сексот не е променет а далечинското ти е слободно.

Балкан во детскиот мозок

- За што служи компјутерот?
- Тој служи мама и тато да не спијат веќе заедно.

Сличностите меѓу "Frozen" и "Lion King"

Фроузен успеа да стане најдоходовниот анимиран филм на сите времиња, заработувајќи 1,1 милијарда долари со што го натфрли успехот на легендарни дизниеви филмови каков што беше Кралот Лав. Меѓу другото, успехот се должи и на тоа што и овојпат бил следен проверениот драматуршки нацрт.

Тест на личноста од Доктор Хаус

Тестот дава фрапантно точни резултати. Гласи вака: "На маса имате 5 плодови: 1. Јаболко 2. Банана 3. Круша 4. Праска 5. Портокал. Кој плод ќе го изберете?

Кога музичарите не се трпат

Били Ајдол викаше: "Обожавам кога.некој ќе ме навреди бидејќи  тоа значи дека не мора веќе да бидам фин со него". Да видиме кој со кого сè во музичкиот свет веќе не мора да глуми финоќа.

Топла вода 2.0

Некои работи нема потреба да бидат подобрени, не за друго туку затоа што мислиш дека и онака веќе добро функционираат. За цела среќа има луѓе што не мислат како тебе.

Кој е глуп а кој само знае што сака?

Во македонските преданија Насрадин Оџа се појавува главно како контратежа на Итар Пејо, како лик кој треба да го зголеми контрастот и да ја прикаже домашната итроштина како супериорна. А Насрадин не бил воопшто глуп, само некогаш му било паметно да се прави таков, колку луѓето да поверуваат дека други се поглупи од него.