Мешано

На социјалните мрежи

- Ако не пишуваш смешки, досаден си. Ако пишуваш смешки, многу си неозбилен и не ги сфаќаш важните теми.
- Ако коментираш политика, многу го тупиш за политика. Ако не пишуваш за политика, ти си пасивна овца.
- Ако ставаш приватни слики, многу се цепаш. Ако не ставаш приватни слики, немаш приватен живот.

Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Бавноста на стандардното читање се должи на непотребниот пат кој го минуваат очите. Постои техника која гарантира дека ќе прочитате куп материјал кога ќе успеете движењето на окото да го сведете речиси на нула. А ние ќе ве потсетиме и на Вуди Ален.  

Која е најчестата рима во поп музиката?

Освен девојчиња што врeскаат по нив, оваа рима е веројатно единствената работа која е заедничка за Битлси и Џастин Бибер.

Претседателски совети

Пред да започне македонската претседателска трка, кандидатите и нивните штабови почнуваат да се фокусираат на оние прашања кои по инерција се сметаат за битни (ЕУ, гео-стратегија, името и други терци со кои минува нашето тажно транзициско гуслање). Затоа сме тука ние да им ги прошириме хоризонтите, со помош на стариот лисец Линдон Џонсон и неговите совети за тоа што еден претседател треба секогаш да им на ум.

На Gmail под кожа

Има еден маалски лик кој откако му го презентираа сите дотогаш невидени работи кои ги можеше првиот Ајфон, најнормално праша: A missed calls има? Така главно се користи и најсилниот светски поштар Џемаил, за прати и прими. А има фини и згодни трикчиња./

Несреќно потрошена реклама

Секојдневни предмети (шеќерчиња, упаљачи...) можат да бидат згодни герилски алатки за ширење рекламни пораки или брендови. Да речеме, моливот. Одлични предности: секому е при рака, секој знае да го користи, масовно го има наоколу. А има само една мана: се троши.

Збир на неофицијални правила по држави

Англија
- Секогаш стој во ред. Никогаш не се туркај. (Ако го прекршиш ова ќе добиеш сериозно намуртени погледи)
- Секогаш жали се за времето.

Холандија
- Ако пешачиш во лента за велосипеди, велосипедистите НЕМА да подзакочат или да скршнат за да не те удрат.

Сè за вашиот пенис што ви било страв да прашате

Уредниците на GQ фаќаат да разработат девет генерални проблеми околу главниот машки проблем. Учествуваат и мажи и жени. Првиот совет:

1. Никогаш нема да ја знаете вистината за вашиот пенис сè додека не ги прашате бившите девојки.

Дејвид Линч велит

За неговата чудна приврзаност кон завесите, привлечноста на длабочините и неговиот единствен „сладок грев" - мафините. Вака кога му ги читаш изјавите, делува ко сосема нормален човек. Кој во животот фатил големи риби.

Што има на врвот?

Откако ќе ги поминете бескрајните, тесни камени скали, следи долго возење со жичара, па одење врз провалија по даски поврзани ко со хефталица. Но ако сето ова го издржите, на крај ќе ви се исплати. Горе ве очекува нешто посебно.

70 години тркалање

Кит отсекогаш ни изгледал како да има 70. Од овој 18-ти декември и официјално ги има толку. Со оглед на неговиот табиет и нездрави склоности, чудо е што ги дочека. Ама па може тој истото ќе го збори кога ќе полни 110, а нас ќе нè нема.

Пружи рака, не биди прост

Ракувањето е еден од најуниверзалните облици на невербална комуникација. Но, во различни делови од светот важат различни дијалекти.

Дневното мени на Хантер С. Томпсон

Таткото на гонзо новинарството чиј пичвајз од живот е овековечен во филмот Fear and Loathing in Las Vegas поживеа 67 години. На крај изгледа морал да се самоубие бидејќи судејќи по неговата дневна рутина, природно бил неуништив.

13 работи што не ги прават ментално силни луѓе

Менталната сила може да се дефинира и преку работите што ментално силни индивидуи не ги практикуваат. Список од 13 карактеристики за Форбс го прави Еми Морин.

Твитовите на Дејвид Линч

"Секогаш кога ќе видам еднооко џуџе, мојата мачка почнува да зборува наназад". Ако сте му ги гледале филмовите, и на Твитер веднаш ќе му го познаете ракописот.  Плус, во еден од собраниве твитови го има она што секогаш нè интересирало, тој лично да ни објасни што се раскажува во негов филм.

Секој со својот сон

"Толку сум добар во спиење што можам тоа да го правам со затворени очи". Ама, не сите. Пoзнати луѓе и нивните ритали и навики за спиење:

Како да успеете да се чувствувате мизерно?

Само умни и софистицирани личности се способни да ја култивираат мизеријата во себе. За тоа е потребна имагинација, луцидност и визија а оваа вештина на многу луѓе досега им има дадено смисла на нивниот живот. Не познавате такви?

Моите последни ноќи во Белата куќа

Седмица откако Џон Кенеди беше убиен, во една од последните ноќи што ќе ги мине во Белата куќа, Жаклин Кенеди му напишала писмо на советскиот лидер Никита Хрушчов.

10 работи што не ги знаеш за децата, сè додека не добиеш деца

Авторката на листава е мајка со 3 деца - 5 години, 3 години, 1 година, на која сега ѝ е незгодно што на времето и бил пукнат филмот кога луѓе ќе ѝ кажеле "немаш поим како е да имаш деца, додека не добиеш свои." Сега има деца и сака да потврди дека - немаш поим како е да имаш деца, додека не добиеш свои.

Трите претсмртни желби на Александар Македонски

Кога почувствувал дека му се ближи крајот, античкиот војсководец ги собрал своите генерали и им кажал: "Наскоро ќе го напуштам овој свет, но имам три желби кои морате да ми ги исполните."

Совети за добро пишување од Дејвид Огилви

Во 1982-ра основачот на Огилви и Матер, Дејвид Огилви, на своите вработени им испраќа меморандум со совети за пишување. Во меморандумот им нагласува дека прецизното, остро и јасно пишување е единствен начин за напредување во компанијата. Ова е неговиот допис:

На турист не можеш да му удоволиш

Има мал број на искуства што можат да го надминат моментот кога пред вас ќе се исправи некое од светските чуда. Тоа не значи и дека нема турист кој соочен со некое неверојатно достигнување на архитектурата нема да каже - мх, некако досадно е. Дел од коментарите на TripAdvisor за новите 8 светски чуда.

Филмови што треба да се гледаат во обратен редослед

Ако го гледаш Убава жена наопаку, филмот е за жена чиј богат кретен од дечко ја присилува да започне со проституција.

Три кинески ситуации

Зграда без прозорци, зграда со прозорци ама без луѓе и кинески политичар со вишок фотошоп.