Топла вода 2.0

Некои работи нема потреба да бидат подобрени, не за друго туку затоа што мислиш дека и онака веќе добро функционираат. За цела среќа има луѓе што не мислат како тебе.


Кујнска маса што се претвора во маса за слави
Од стандардна маса од 2 метра, за неколку секунди ова се претвора во маса од 6 метри без притоа да треба да построиш пола фамилија за ритуалот за отворање. Доаѓаат во четири големини а цената се движи од 50 до 70 илјади долари.


Шише што не треба да се удира
LiquiGlide е материјал за премачкување кој дозволува да истече комплетната содржина на шишето (шише со кечап, сенф или некој друг сос), без притоа ниту една капка да оди фира. Изумот е на професор од МИТ, а неговите автори моментално го адаптираат производот за конкретни клиенти.


Невидлив шлем за на велосипед
Се вика Hövding, и е изум на двајца студенти од Универзитетот од Лунд. Во основа станува збор за ер-бег и користи цилиндер со гас кој се испушта кога сензорите ќе детектираат ненадејно движење. Цена, околу 400 долари.


Оригами врата
Вратава е составена од 4 панели, и се отвора и затвора налик на парче хартија.


ВЦ шоља што сама се прибира
Креаторите на Iota тоалетот тврдат дека тој троши 50% помалку вода отколку регуларните тоалети, а од примерите се гледа дека зафаќа помалку место.


Светло во боја и на ВиФи
Проектот на Кикстартер собра околу 1 милион долари. Сијалицата LIFX се контролира со апликација преку ВиФи, и тоа по основа, на палење / гасење, светлост и избор на боја.


Меур вода наместо шише вода
Биоразградлива мембрана направена од алги, која може да задржи вода. Наликува на силиконски имплант и е за едно користење. Изработката чини неколку центи.


Свеќа што се регенерира
Изумот не е во свеќата, туку во држачот за свеќа, кој во основа е празен и само го прибира стопениот восок.


Детско седиште на дување
Седиште изработено од регуларни материјали, кое е ултра лесно, и дозволува да биде издишано кога не се користи. Развиено е од материјали кои освен што се лесни се ултра издржливи на големи притисоци.


Ноќно светло што трае 25 години
Идејата на Кикстартер собра 470.000 долари. Замена е за стандардните штекери, а животниот век на сијалиците е околу 25 долари. Цената се движи од 15 за 1 до 120 долари за 10 вакви штекери. За сега одговара за американски стандарди.

 

17 април 2014 - 16:13