Самиот мразокршач како брод е руски изум до кој е стигнато од уникатниот зорт што го има државата за пробивање на поморски пат преку Северното море до далечните сибирски предели на земјата.
Сите позитивни страни на рутата преку Северното море пропаѓаат во споредба со препреките за неговото минување, главно мразот кој 10 месеци во годината го покрива морето и кој знае да е дебел и до 2 метра.
Во вториот дел од 19-от век само 60% од комерцијалните бродови што ја користат оваа рута успеваат да стигнат од едниот до другиот крај. Кон крајот на 19-от век се направени и првите мразокршачи, а руски Јермак се смета за првиот брод мразокршач во историјата.
По Октомвриската револуција, Советите го извршуваат дотогаш најголемото истражување на Арктичкиот океан, за чии потреба прават мрежа од истражувачки станици на кои испраќаат и експедиции. Со тек на време на овие точки почнува да се гради и бројна инфраструктура која треба да помогне во снабдувањето на далечните делови од СССР со основни намирници. Тука мразокршачите добиваат уште повеќе на важност, а Советите доаѓаат до заклучок дека товарање на нуклеарен реактор на мразокршач дополнително ќе ја зголеми неговата корисност и способности.
Првиот советски нуклеарен мразокршач е Ленин кој е пуштен во служба во 1957.