Мјуинг и зошто побогу?

Првично смислено како начин за подобрување на држењето на вилицата од здравствени причини, мјуинг, крстено по неговиот автор др. Џон Мју, е серија на вежби за кои луѓе на Јутјуб и Тикток тврдат дека може да ја смени формата на вашето лице, да имате поистакната вилица.

Успешноста на трендот значително е помогнат од тоа што нема потреба од никакви помагала и сè се прави со јазик и заби.

Друга работа што многу помогна во ширењето е што луѓе заради пандемијата седеа дома и имаа вишок време па барајќи нови начини за самоподобрување се нафатија на мјуинг.

Во насоките пишува дека сето ова се прави со затворена уста, јазикот треба да го допира горниот дел од устата и нежно да го притиска. Ова е позата во која треба да издржите колку е можно повеќе.

Тврдењето на доктор Мју, кој е ортодонт, е дека здравствените бенефити на сето ова се движат од помош во пореметување на сон, проблеми со дишење во сон и на јаве, проблеми со голтање и воспаление на синуси.

Џон Мју за неговиот изум:

И покрај овие бенефити, популаризирањето на мјуинг е чисто заради ветувањето за разубавување и промени во надворешниот изглед на вилицата.

Ништо од овие ветувања до сега не е научно докажано.

Ова е Кам Џоунс од Јутјуб каналот Гоал гајс, кој 30 дена вежбаше „мјуинг“. На 30-от ден стави пред и потоа фотографии од своето лице и анкета на која публиката треба да каже дали неговата вилица е станата значително попривлечна. Поголем број од анкетираните дадоа повисока оценка на првиот ден, отколку за 30-от.

„Мислам дека мјуинг е добар пример за моќта на приказната. Ова е една од тие области за кои нема многу докази, добри клинички докази, кои ги поддржуваат. Се базира речиси целосно на интуитивната привлечност, анегдоти и сведоштва,“ изјавува првиот човек на канадскиот ЦРЦ (Canada Research Chair), Тимоти Колфилд.

8 октомври 2021 - 16:52