Федор запиша постдипломски на земјоделски

Истиот оној Федор (Владимирович Емелианенко) што со години ги претвораше своите противници во билки, реши да се запише на Факултетот за агрономија, агрохемија и екологија на Универзитетот во Воронеж, во смерот градинарство.

Постдипломските студии на Федор ќе траат две и пол години, а според извештајот од факултетот на приемниот испит во август тој има освоено 9 од можни десет поени.

Емелианенко претходно има диплома од Факултетот за физичко образование на универзитетот во Белгород.

44-годишниот Федор до сега беше 4-кратен светски шампион во тешка категорија под Прајд, а има и уште неколку меѓународни титули во боречки вештини. На домашен терен во Русија, тој 9 пати ја освојува шампионската титула во самбо.

Моментално Федор се бори во Белатор, каде на 23 октомври на Белатор 269 во Москва има борба со Тимоти Џонсон.

Додека не излезе компилација од Федор како крои лозје, да се потсетиме на неговата боречка кариера:

 

23 септември 2021 - 15:09