Зошто жените сега се шишаат кратко?

Како што завршува пандемијата, салоните пријавуваат дека се ројат жени дојдени за кратки фризури. Меѓу нив - Ријана.

Ријана се шиша кај Урсула Стивен во Њујорк, која за старо-новава појава вели,

„Мислам дека кога некој ќе реши толку да ја скрати косата, добива чувство на слобода.“

А после година и кусур изолација, има голема побарувачка за слобода. Сал Салседо од Лос Анџелес, кој го имавме тука на тема шишки, сведочи за дури 70% клиентки кои му дошле за „многу кратко“.

Главно, фризерите и стилистите сметаат дека Ковид ги инспирира жените да ризикуваат повеќе. И ризиците некогаш се однесуваат на - коса. Пандемијата ни наметна чувство на беспомошност, а голема физичка трансформација ти дава чувство на моќ.

„После големи светски настани, луѓето сакаат да преземат контрола, сакаат да направат нешто поинакво. И сечење на косата е дури бунтовно,“ вели Рејчел Гибсон, историчар за коса од Лондон. Ја поистоветува моменталната желба за кратка коса со лудилото по боб-фризурите во 1920-те, по Првата светска војна, кога жените добиле право на глас и кога „имаш попаметни работи отколку да седиш и да си правиш фризури.“

Има многу жени со кратка коса што станале икони - од Линда Еванџелиста, до Зои Кравиц. Гибсон ова го поврзува со тенденцијата на западната култура да асоцира долга коса со женственост или плодност. До Викторијанската ера, косата на една жена (која била сопственост на мажот, патем) се носела собрана насекаде освен во спалната.

Г-ца Стивен (на Ријана) смета дека кратката коса им е привлечна на неуморните затоа што се коси со конвенцијата.

„Нормата е жените да имаат долга коса,“ вели таа. „Но, кога ќе ја ишишаш, се праќа порака јасно и гласно дека си моќна и кршиш правила.“

Сепак, не секоја кратка коса изгледа добро на секоја жена. Стивен советува да се земе предвид текстурата, карактеристиките на лицето што сакаш да ги сокриеш и да ги истакнеш и да бидеш искрена со фризерот. Предлага „пикси“ за тие што не сакаат да се замараат. „Нема никаква работа. Стануваш и одиш.“ Жените што се плашат од толку кратко, можат да пробаат боб.

Историја на кратката коса:

Џозефин Бејкер, околу 1925

Луис Брукс, околу 1929

Одри Хепберн 1954

Миа Фароу 1967

Винона Рајдер 1994

Ријана 2021

извор

21 јуни 2021 - 23:31