Зошто баш сега ви текна на шишки?

Психологијата зад моменталната новопронајдена страст за шишки.

Прашајте кој сакате фризер и стилист за најголемиот тренд во текот на пандемијата и големи се шансите дека ќе го спомнат подемот на завеса-шишките.

Од Лос Анџелес, фризерот Сал Салседо вели дека не почнува да владее само тој момент: секаков тип на шишки се помодерни од кога и да е. Спомнува и неколку фактори што придонесуваат за ова, и главно се психолошки.

„Од холистичка перспектива, косата е алатка што отсликува општествени промени,“ објаснува Салседо. „Во моментов, луѓето почнуваат да гледаат многу промени во општеството. За да гледаме ни требаат очи, а шишките ги истакнуваат.“

Освен поврзаноста со очите, Салседо вели и дека шишките служат за физичка презентација на промената, што не вклучува шишање на целата коса.

„Сите сме во период на промена, гледаме кон себе и размислуваме ‘Кој сум јас во моментов?’ Шишките имаат смисла затоа што се еден од најлесните мејковери што ти ја менуваат косата и енергијата: си ја задржуваш должината, а дури и да скратиш, ти даваат нова појава.“

Порано беа универзален симбол за драматичен, или тажен животен настан, како раскинување - сега добиваат ребрендирање.

„Ја менуваме конотацијата и конверзацијата,“ вели Салседо. „Поприфатени се од било кога. Кога ќе почнеш да гледаш добри шишки во светот, почнуваш да ги замислуваш и на себе. На клиентите им велам, треба да се ослободиме од лоши шишки-сеќавања и да ги промениме во добри.“

Наспроти популарното мислење, смета и дека нема совршен кандидат за шишки, затоа што неговото искуство кажува дека за секого постои барем една варијанта што ќе му стои.

Ако размислувате за шишки, Салседо вели дека е добро да се почне со „завеса“, затоа што е лесна за израснување и не создава многу голема обврска.

„Интересно е, затоа што се случува да ишишам ‘завеса’ кај клиент и за една недела се враќа и сака уште повеќе, што многу ме радува. Покажува дека луѓето се спремни да бидат видени, дека повторно сакаат да се изразат.“

16 јуни 2021 - 12:24