Зошто Старбакс не успеа во Австралија?

Бројот на локации на Старбакс ширум светот веќе надмина 30.000, во Кина во 2018 се отвораше по еден дуќан на 15 часа, ама Австралија некако - ја заболе.

Австралија е со години тешка за импресионирање како пазар. Конкретно проблемот на Старбакс бил што отвориле без да го истражат и оттаму почнале агресивно да се шират. Кога биле принудени да затворат две третини од локациите, на Австралијанците не им ни било гајле - делумно, ова се должи на тоа што се една од најразмазените нации за кафе.

25 декември 2020 - 13:30