Зошто некој би сакал да ја забрани рекламава?

Конверс ги пријавиле во Агенција за рекламни стандарди, затоа што - Мили Боби Браун која е главна улога - ја има ставено ногата кај што не треба.

Четиринаесетгодишната Мили Боби Браун со старки на нога и ногата на шалт-табла раскажува многу јака анегдота во новата реклама на Конверс.

За ова, рекламата е пријавена дури три пати, со кукање за небезбедното однесување на Браун, кое би можеле да го копираат и други деца и млади.

Замислете да сте човек што гледа реклама, гледа како некое дете бива дете, и воопшто не обрнува внимание на пораката што ја кажува, туку отвара интернет (или полошо - именик, или па таквиот тип на човек може го има бројот и во контакти), наоѓа како се врти кај Агенција за рекламни стандарди на Велика Британија и се жали дека „нога на шалт-табла не се става.”

Замислете.

Тоа е истиот тип на човек што кога ќе види нешто малку поголо на Фејсбук, одма клика „репорт.”

Просто да посака човек да ги упознае.

Ма, не, не мора.

Конверс се одбрани дека клипот покажува како една млада жена се бори против стандардот со тоа што облекува Чак Тејлор за црвен тепих. Објаснува и дека клипот очигледно се однесува на патиките, а не на колата.

Понатаму, објаснува дека, иако во рекламата има дете, сепак не е наменета за деца. Браун глуми во повеќе драми чиј таргет се возрасни, па според тоа е планирано да влијае на возрасна публика.

Агенцијата, фала богу, се согласува. И мора да објасни, за оние тројца, дека:

„Темата на нејзината приказна - да се предизвикаат социјалните норми - е нешто што сметаме дека ќе допре до луѓе на сите возрасти, а особено до тинејџери и млади. Од тие причини, сметаме дека иако огласот не е наменет за деца, ќе допре и до тинејџери и до возрасни.”

За волја на вистината, се согласуваат дека е опасно патниците да ги потпираат нозете на шалт-табла на кола во движење, но сепак, аголот на кадарот го насочува вниманието на нејзиното лице и приказната што ја раскажува. А јасно е дека ногата е наместена за да промовира Конверс патики.”

Како ли ќе се соберат сега пријавувачите

23 ноември 2018 - 00:00