Зошто на секој гардеробер му требаат црни хеланки

И како да се носат.

Црните хеланки често се занемаруваат кога се пребројуваат основните парчиња, но можат да ја пополнат празнината во гардеробата и да се носат секаде, од џогирање до кафе.

Најхрабрите трендови што ни ги најавија за 2024 може да се забавни (металик ствари, на пример), ама за сите што се мачат да состават комбинации од постоечката модна капсула, хеланките можат да завршат многу работа. Ако некој мрчи, нека се замисли: И најскапите готвачи на светот не можат да состават порција од стотици евра без основните зачини.

Црните хеланки се совршена основа и празно платно за било каква комбинација. Си го заслужуваат она „основно“, ама заслужуваат и да бидат сметани за инвестиција.

На пример, можат да придонесат дури и за шик и мазен, дотеран изглед. Рози Хантингтон Вајтли (најгоре, лево) ги облече со оверсајз камила-боја капут. Сан Лоран има стреч хеланки што се направени добро да стојат заради високиот струк и шавовите што ги издолжуваат нозете.

Ако додате боја во комбинацијата, обичното шетање во недела се доближува до модна писта. Веројатно имате список на луѓе што ќе ви кажат дека „хеланки не може секаде“, ама многу малку места има каде што не може.

Бојата може да биде на јакна, дуксер, маица, мантил, патики… Сето ова во комбинација со мајсторски избрани црни хеланки може да направи многу за изгледот.

Како им успеваат слоевите на инфлуенсерките? Ако се разбереме дека сè е во балансот, станува многу поедноставно - одлични црни хеланки функционираат со големи, кабасти јакни и црни додатоци и ранци. Особено во денешно време кога може „сè со сè“.

За инспирација:

15 април 2024 - 00:00