Зошто луѓето се опседнаа со кукли?

„Барби“ направи лом, следни може да се „Братз“. Зошто се толку важни во моментов?

Производителот на Братз-куклите - МГА Ентертејнмент се има расправано со Мател околу претставувањето на женственоста и разноликоста, плус можноста да се моделираат идеите и да се спремат за млади потрошувачи, но експертите сметаат дека луѓето се спремни за владеење и од двете страни.

Универзитетски професори се уверени дека порастот на интересот за брендови на кукли од детството може дури и да претставува „ренесанса на девојачката култура“, каде што интересите на девојчињата и младите жени се прифатени и критички дискутирани.

Најтазе и највоочлив пример за ова е „Барби“ на Грета Гервиг, кој доведе до враќање на стереотипно женствена мода и трендови за убавина - наречени Барбикор - истовремено предизвикувајќи го патријархатот.

Истражувања покажуваат дека Барби особено има значително влијание на боди-имиџот на младите девојчиња, а други податоци покажуваат дека општо - играње со кукли е дел од социјалниот и когнитивниот развој. Е сега, Братз дојдоа на сцената со многу поинаков став од Барби, во време кога баш и немаше многу разноликост. Таргетираа деца од 9 до 12 години со цел да „инсталираат“ гордост и самодоверба и да покажат различна претстава на она што девојчињата можат да бидат.

Потрошувачите бараа разноликост, етничка репрезентација, мулти-етнички кукли, подрски, современи, моќни модни кукли. И кога Братз послушаа, Барби конечно доби конкуренција.

Зошто се важни сега, во 2023? Затоа што е вистински момент да се раскажуваат приказни за феминизмот во 21 век. За компаниите може да значи одново присвојување на брендовите Барби и Братз во име на женската моќ. На потрошувачите им е можност да бидат критични околу што тоа значи. А важно е и да се прифати културолошката важност на куклите, играта и феминизмот.

„Барби“ летово доби исто толку почит колку и „Војна на ѕвездите“ на времето. Се работи за интелектуална сопственост што има долговечност, приказна и различни генерации на луѓе можат да се фатат за неа, наместо да биде „нешто што не се важи затоа што е за девојчиња“.

5 септември 2023 - 00:00