Знаевте дека и Шерон Стоун сакала да прави филм за Барби?

Само што, во ‘90-те тоа не поминало како што помина денес.

Шерон Стоун по којзнае кој пат била пред времето кога ѝ текнало да ја стави Барби на филм.

На Инстаграм, додека ја фалеше Америка Ферара, кажа дека идејата не го добила очекуваниот прием.

„Ми се изнасмејаа и ме избркаа кога дојдов со идеја за „Барби“ во ‘90-те. Колку далеку стигнавме. Ви благодарам, дами, за вашата храброст и издржливост.“

Инаку вонсерискиот успех на филмот се случи после неколку неуспешни обиди да се стави куклата на платно. И Ејми Шумер и Ен Хатавеј ги планираа во различни моменти, но во 2018 Ворнер Брос ги купи правата и почна да развива филм со Маргот Роби во главната улога, што некако е подобро решение од претходниве две, нели?

Кога ја примаше Critics Choice наградата, Америка Ферара се заблагодари на режисерката Грета Гервиг, дека „докажала преку неверојатно мајсторство дека женските приказни немаат потешкотии да достигнат кинематографски величини и да влезат во боксофис-историја во исто време и дека невоздржано раскажување женски приказни не ти ги уништува моќите, туку ги зголемува.“

„Барби“ има осум номинации за Оскар.

29 јануари 2024 - 22:42