Знае и Ким Кардашијан по нешто

Дека се разбира од некои работи веќе имаме пишувано во текстот „Дали Ким Кардашијан е глупача?” (спојлер: излезе дека не е), а од тогаш она си има додадено уште неколку мултимилионски екскурзии во CV. Ова последново е поедноставно: коректор на трепки пред да ставиш маскара.

„Ако немате маскара за волумен при рака, можете да ги спремите трепките со неколку слоеви коректор,” пишува Ким. „Нанесете на мала четка и поминете ги трепките. Почекајте малку, па нанесете маскара. Инстант должина и волумен!”

Океј, треба да се проба.

Во постот споделува и други омилени хакови со коректор, притоа забележувајќи дека секогаш, обавезно има бар еден во ташна (што е многу паметно и треба да се измисли коректор што ќе се закачува на клуч). На пример, става на уста пред да стави кармин во јака боја, за да ја неутрализира бојата на усните и бојата на карминот да дојде до израз (ова внимателно, треба прво пилинг за сето тоа да изгледа мазно).

И тука не завршува набројувањето на причини зошто секогаш да се има коректор при рака: за контурирање, за прајмер пред сенка и за дефинирање веѓи.

Така што, фрлете вие еден коректор во ташна, еден во кола и еден на работа, па ќе дискутираме за (не)потребноста на Ким Кардашијан. Само не пред да се спремите за дебата.

И плус за домашно, спротивно на тврдењето дека Ким се разбира во некои работи: Што вика Тим Ган?

7 мај 2018 - 13:41