Животни совети со Џенифер Кулиџ

Понекогаш, кога нешто сака, само посегнува по тоа од седечка положба и прави драматични фаци. И ако некој стане и ѝ го донесе - супер.

Доби повеќе награди во последнава година отколку за цел живот и 30-годишна кариера, држеше искрени и неконвенционални говори што стануваа вирални, а сега, на 61, Џенифер Кулиџ нуди надеж за доцна процветани ликови од секаде по светот.

Вели, сега после „Белиот лотос“ можам да носам марама, очила за сонце и маска, и некој да ми рече: „Здраво, Џенифер“.

Заслугата што е сега телевизиска сила ја припишува на генерацијата што ја следеше во „Американска пита“ и „Легално русокоса“ и што никогаш не престана да реагира на неа, без разлика на ретките појави. 

Не била лоша ни кога имала 30-тина години, ама за некои луѓе едноставно, големите работи доаѓаат подоцна. И подобро, како што вели, изненадувања, отколку нереализирани очекувања.

4 мај 2023 - 00:00