Женската мода ја владеат мажи

Марија Грација Киури била првата жена што ја водела креативата во Диор. Со нејзиното заминување од позицијата, уште повеќе паѓа во очи фактот дека во 21 век, со женската мода и најголемиот број луксузни брендови продолжуваат да доминираат мажи.

Линиите на женска облека подобро се продаваат, женските ready-to-wear колекции привлекуваат многу повеќе медиумско внимание, жените најчесто ги водат одделенијата за маркетинг и комуникации кај големите брендови, а и женските модели и инфлуенсерки се многу попознати од нивните машки колеги. Освен тоа, во школите за моден дизајн најчесто одат девојки - три четвртини од вкупниот број студенти.

И покрај сето ова, речиси 90% од најдобрите позиции во модната индустрија ги имаат мажите.

Од 16 модни брендови, меѓу кои се Диор, Луи Витон, Фенди, кои работат во рамките на најголемиот луксузен конгломерат - групацијата LVMH, останати се само две модни куќи во кои креативата ја водат жени - Сара Бартон за Живанши и Камил Мичели за Пучи.

Слично е и кај останатите таканаречени хај-едн брендови, каде што со мнозинство доминираат мажи. Се издвојуваат Прада, каде што Мијуча Прада води заедно со Раф Симонс и Миу Миу каде што е само Мијуча. Потоа Ермес, каде што е Надеж Ванхи-Кибулски за жени, а Вероник Никанијан за мажи (веќе 37 години), а на чело на Клое е Кемена Камали.

Почесто се креативни директорки кај брендовите во втората половина на 20. век (или помлади) - Луис Тротер на Ботега Венета, Вероника Леони за Келвин Клајн, потоа Д Роу на Мери-Кејт и Ешли Олсен и Каите со Кетрин Холстин.

Мажите не доминираат само кај креативата, туку подеднакво се застапени и на извршни функции во рамки на компаниите што стојат зад модните брендови. Се издвојуваат две познати ќерки - Делфин Арно (извршна директорка во Диор, чиј татко е сопственик на LVMH групацијата) и Марта Ортега на извршна позиција во Индитекс (што ја поседува Зара - татко ѝ е основач на компанијата).

Последен пат жена доби престижна награда во модната индустрија, доделена од Британскиот моден совет е 2012 - ја доби Стела Макартни.

Овој феномен во индустријата се нарекува стаклен плафон (glass ceiling) и зборува за постоењето на невидливи, а сепак реални препреки што ги спречуваат жените да напредуваат до највисоките позиции, иако имаат квалификации, искуство и способност.

Од друга страна, ја имаш Марија Грација Киури која го воведе феминистичкиот дискурс во високата мода, што денес се смета за радикален исчекор во луксузната индустрија. На дебитантската ревија за Диор во 2017, извади маица со натпис We Should All Be Feminists, со што се смета дека го вовела Диор, инаку безвременски симбол на женственост и елеганција, во отворен дијалог со современиот феминизам. Во нејзините колекции се повикува на надреалистки - Леонор Фини и Дора Маар, феминистички уметници како Џуди Чикаго и се бави со теми како женска изработка, женско тело, слобода на изразување...

На една ревија, ѕидовите беа испишани со феминистички цитати, меѓу кои и „женствената убавина е политички чин“.

МГК има добиено потврда за нејзиниот дизајн со три пати зголемена продажба во Диор за време на нејзиниот мандат. Класичната Диор силуета ја реинтерпретираше и ја прилагоди за современата жена - ѝ даде повеќе удобност, слободни движења и практичност.

Ревиите ѝ беа посветени и на убавината на креациите, но и на жената која е самосвесна, силна и елегантна.

3 јуни 2025 - 11:36