Здраво било да се дружиш со комшиите

Така велат некои истражувања: Има позитивен ефект на менталното здравје и ги амортизира негативните страни на живеењето сам.

Поблиски односи со соседите овозможуваат поширока мрежа за поддршка - ова особено добива на вредност во тешки времиња.

И чувството на осаменост е послабо - блискост со комшиите налага и споделување и комуникација, кои пак се клучни за емотивното здравје.

Од заедништво со комшиите доаѓа и поголема сигурност - поточно, чувство на сигурност. Ако им веруваме на луѓето со кои „живееме“, автомаски ни значи дека живееме побезбедно. Побрзо се доаѓа до завршување на некои работи и поправки - комшии препорачуваат добар мајстор, добра продавница, доаѓаат да ти помогнат да дигнеш нешто, и слични комшиски удопства. Добиваш опции да научиш нешто, да стекнеш близок пријател и општо гледано, да живееш подобро.

А, сепак, што ако комшиите ти се ужас?

Многу е можно да се, особено кај нас. Ама ако не пробаш, нема да знаеш дали пропушташ идиот, или одлична личност со која можеш да се дружиш, ако ти е до тоа дојдено.

Ако е за пробување, тогаш се почнува со запознавање. Оставете и време, не мора веднаш да се почне со „први другари“. Ако можете, понудете помош за нешто, и искористете ги социјалните мрежи за пристојна и нормална комуникација.

Среќа секако ќе треба. Кај нас колку што има добри комшии што во секое време се први да помогнат, толку има и такви што ќе те пријават само затоа што миеш двор.

Ако најдете кај има комшии како од времето, кажете.

28 јануари 2025 - 10:56