За тие што се плашат да наполнат 30

Не сте вие криви, општеството е криво.

На Инстаграм (а најверојатно и по други канали, само уште не сме откриле) има еден Гери Ви, мотивациски говорник што допрва треба да се истражи дали е патетичен или јак. По тоа што го видовме во клипот подоле, ќе да е јак.

Краткиот извадок се однесува на стравот од влегувањето во 30-тите, и сè возрасно што носат со себе - и колку е неоснован. Од кај тоа, вика Ви, дека мораш сè да имаш решено до 30? Тие деца, купен стан, брак, средување, скрасување... Општеството најбезобразно ги наметнува тие норми, а луѓето се доволно добро истренирани да ги испочитуваат. И како резултат на тоа, се носат лоши одлуки и 30-тите на крај - стварно излегуваат страшни.

Sирнете:

12 ноември 2019 - 15:20