Овде на пример, не знаеме дали е нешто околу храна и вино, или некаков дуќан за сирења и слично, ама картичката е за во несвест паѓање:

Личен тренер, со картичка што полесно слабее од нас:

Картичката на Дорота Панковска со која може да се црта, нѐ натера да отидеме на сајтот и излезе дека е уште повозбудливо искуство од добивање на визит-карта.

Веројатно за вежбање/часови јога, со дупки за да се забављаш и на крај и да ти текне дека треба да - get stretchy. Ти доаѓа да се јавиш да видиш каков е концептот на get stretchy, штом визит-картата е ваква.

Визит-карта на точкар што не сака да му доаѓаш за обични стегнувања. А ќе му отидеш, затоа што гарант има добри решенија.

Овде само треба да кажеш дека не треба да се фрла фолијата. Но, ако сме искрени, можеби најслаб концепт од сите тука - знаеме што се случува со чоколатце во џеб.

Визит-картичка за јога студио што е самата мало јога-душече.

Фризерка што знае дека секогаш ти требаат шноли.

Картичка од кардиолошка ординација, што ти мери пулс:

Дизајнер што меѓу другото е воодушевен од музика и винил. Како да не го ангажираш?

Визит-карта на пластичен хирург, со која некои луѓе апсолутно цел ден можат да се занимаваат:

Фотограф што ти е шубе да не го викнеш да ти го слика настанот, затоа што ако му е ваква картичката, те интересира какви сѐ магии може да изведе со апарат:

Картичка на фризер што може и да те зачешла, а можеш и да си посвириш на неа:

Месар. Не знаеме дали е победник на списоков, ама е многу блиску до таму.

Центар за астма и алергии си ги става податоците на балони:

Адвокат за развод што ги ставил податоците на две страни од една картичка што се кине - да има за двајцата.

Тату-студио - картичка со податоци и плус привремена тетоважа:

И цвеќарка со пријатна картичка што може да се направи во мало букетче:
