За кого всушност дизајнираат поп-ѕвездите?

Цените на колекцијата на Дуа Липа за Версаче, или таа на Хари Стајлс со Гучи ги бунат фановите, но изгледа облеката воопшто не е планирана за нив.

Колекцијата Ла Ваканца, дизајнирана од Дуа Липа и Донатела Версаче ја покажаа и во јавност и на најновиот спот на Дуа Липа, ама фановите се незадоволни затоа што цените се „нездрави“, како што коментираат. Има фустани за околу 3000 евра и сандали за 1000, па општата поплака е „зошто им се обраќате на фановите кога цените не се адаптирани за обични луѓе?“ Истото се случува и со колекцијата на Хари Стајлс и Алесандро Микеле и Шон Мендес и Томи Хилфигер. И колку повеќе поп-ѕвезди се фаќаат за модни соработки, толку повеќе се наметнува прашањето - ако не се за обичните фанови, за кого се?

Објаснувањето е дека само затоа што твојот омилен пејач направил соработка со луксузен бренд, не значи дека ќе ти биде достапна - парчињата треба да се гледаат како глорифициран merch, и секогаш ќе бидат осмислени како ексклузивни капсули за демографијата што брендот го интересира, наместо за фановите на кој и да е тој што учествува. Секогаш постои можноста дека ќе се регрутираат нови муштерии заради љубопитност, заради новитетот и ексклузивноста, или колекционерскиот аспект. Концептот не е ни нов. Претходно беа чанти со име на славни личности, сега е еволуирано во ко-брендирани колекции, но суштината е иста.

Кога сериозно ќе се зафатат со мода и ќе направат империја (Како Канје или Ријана) - сè уште е ризично. Фенти Фешн пропадна затоа што цените беа недостижни за фановите на Ријана, на пример.

Постои и малку хиперболизирање околу модните колекции што ги дизајнираат поп-ѕвезди. Реалноста е дека Дуа Липа сигурно не седнала во јавен превоз од сабајле во Милано, со кафе во рака и очила за читање на глава за да стигне во Версаче во 9 сабајле и да разгледува материјали за колекцијата. Но, тоа престанува да биде битно - фановите се радуваат околу естетиката и културолошкиот универзум на нивните омилени ѕвезди и начинот на кој тие се шират на нови територии и како тоа ќе изгледа.

Вистината е дека сè поголемата релевантност на суриите фанови и нивното влијание на мејнстрим културата е нешто што модните куќи сакаат да го искористат, креирајќи момент во кој може да учествува нивната вообичаена клиентела. Дали можеме да ги купиме колекциите или не станува неважно, затоа што уживањето е во тоа да видиш како ќе изгледаат соработките.

15 јуни 2023 - 10:50