Сите варијанти ќе ги разгледаме. Ќе почнеме со тренд: Бањарка.
Прекрасен:
И овде имаме скроз бањарка на Зара. Совршено социјално прифатливо парче што личи на истото што не го соблекуваш кога си во хотел.
Или ова. Ако ви се бива класика.
Или вака, ако ви се бега од бањарка-концептот. Тоа црвеното е супер стејтмент на капут што се преправа дека е досаден, а не може да е подалеку од тоа.
Ама, концептот е важен. Burberry не дава да му се оддалечиме, па ни дава и текстура и качулка и боја. На социјално прифатлива бањарка.
Нов концепт: Карирано. За жал. Или за среќа. Ај да видиме.
На пример.
Не е така лошо. Дали би го менувала за бањарка? Не.
На Марк Џејкобс му успева тоа што Баленсијага со ноќи не спие да го постигне. Стејтмент, на граница со грдо, ама да не ја премине границата (На Баленсијага е толку одамна помината границата, што 'the line is a dot to you'). Сепак, дали ќе го прифатам, еве, нека е и поклон од Марк? Ех.
Што знам.
За тие со мерак по класика, Jigsaw има одлична варијанта:
А еве го првиот кариран капут што би можел сериозно да го загрози загарантираното место на бањарката:
Одиме на трето: анимал принт. Овде се научивме дека не треба сè по секоја цена и ќе се потсетиме дека анимал принт најдобро изгледа ако е ЕДНО. На пример капут:
Да речеме, Валентино:
На сè друго црно.
Или на пример, Макс Мара:
А ако ви се носи кожа, тогаш, тоа ни е четврто за денес:
И ќе почнеме со:
Нели малце како рани 2000-ти? А фино е.
Или:
Одлично.
Или, Хер Флик:
Одиме на следно - монтки:
А можеби и се уморивте од капути во последниве сто години. И имате среќа, затоа што за чудо невидено, овие монтковидни јакни стигаат до high fashion.
На пример:
Не е толку лошо. А ова следново, уште помалку:
Или Гучи. Никој нема да ви верува:
За Прада може повеќе ќе ви веруваат, фина е:
И ова:
А сега да преспиеме.
Одамна немало толку избор на стилови.