Дали може секој да биде инфлуенсер? Со влог од неколку илјади - најверојатно, со тоа што пари секако ќе дадеш - дали на искуствата што сакаш да ги споделиш со светот, дали на лажни следачи, коментари и лајкови.
Лисет Калвеиро е од првиве, дава пари што ги нема за на светот да му покаже дека има - нешто како Македонец со свадба. Оди во Нешвил иако нема никакви афинитети кон градот и културата затоа што - „ѕидот е многу убав”, а тоа се 700 долари за авионска карта. Купува ташна Луи Витон од над 1600 долари, не за да ужива во нејзе и фактот што си дозволила дизајнерско парче, туку за да „им ја покаже на луѓето.” Во последните три години патува во 12 земји, а трагедијата е во тоа што, повторно, патувањата служат само за да се покажат на Инстаграм.
А уште поголема трагедија е што, сега по ново ни лајкови веќе нема да се бројат изгледа.
Долгот успева да го врати за 18 месеци, ама со тезги: чување кучиња, продавање облека, малку заработка од веќе развиената платформа на Инстаграм и слично.
Патем, вака е спремна за раскажување на приказната со долговите затоа што добива уште минимум 15.000 следачи после ова видео.
Сè им е јасно.