Во дистопијата на кинеските фабрики за инфлуенсери

Во Кина има простории, што неретко личат на фабрики, каде што се обучуваат инфлуенсери, а потоа работат на содржини, притоа често напикани во тесни простори, еден до друг. Ако не се тесни простори, тогаш се чудни хангари, каде што се испоседнати со по еден ринг-лајт пред нив и го создаваат тоа што Кина го гледа на социјални мрежи, без притоа да се забележи каде и во какви услови се наоѓаат.

Не е бело робје-ситуација - иако почнуваат со смешни плати, некои добиваат и по 35-40.000 долари месечно, од кои „фабриката“ зема процент. Сепак, кога ќе ги видиш од подалеку на снимка, во ќошиња наместени да изгледаат како пријатни спални соби, не е ни чудо што првата асоцијација е дистопија.

6 септември 2023 - 00:00