Во 2021 - црвена коса, ама не како наставничка од ‘90

Фризерскиот перформанс со кој се најавува дека ќе ни биде преплавен тајмлајнот на Инстаграм има фино име - праски и крем.

Важно потсетување: овој изглед е најпаметно да се остави во рацете на професионалец, да не завршите сепак со огнено црвена нијанса како од ‘90-те, што, од друга страна, ако решава да се враќа во 2021 ќе биде скроз панк.

Праски и крем изгледа вака:

Беше и бојата на Пантон за 2019, ај да го толкуваме ова како знак дека 2021 ќе биде помирна. Не дека бевме бескрајно задоволни од 2019 додека траеше, ама во споредба со оваа глупава? Дај.

Еве зачадено:

Еве построго одвоено, за тие што нарачуваат посебно ова, посебно она:

И уште:

И како за потсетување, двете спомнати варијанти, една до друга (Вивиен Вествуд во улога на наставничката):

4 јануари 2021 - 13:02