Викторијас Сикрет ќе ги вади Ангелите од продавници

И продавниците ќе влезат во промените што ги планира брендот, заедно со ВС-колективот на успешни жени и Глобалниот фонд за ракови кај жени.

Порано низ продавниците се движеа фотографии и видеа од едвај облечени Ангели на Викторијас Сикрет - на Петтата авенија во Њујорк каде што имаа продавница, дури имаше и мини музеј од работи поврзани со нив, или парчиња што ги носеле. Ова од некоја причина е лошо, па наскоро купувачите ќе имаат сосема поинакво искуство кога ќе влезат.

Прв пат во 44-годишната историја на компанијата, сите слики од Ангелите ќе бидат симнати од продавниците, а ќе се донесат кукли во сите форми и големини. Дури и ѕидовите ќе ги прекречат, за продавниците „да станат поприфатливо место за жени да влегуваат.“ И музејските парчиња ќе ги тргнат, само уште не кажале со што ќе ги заменат.

„Преминуваме од она што мажите го сакаат на она што жените го сакаат - одиме од изглед на чувство, од исклучување на повеќето жени во вклучување на сите жени; од недостижно до втемелено во реалниот живот,“ кажува ЦЕО-то на ВС, Мартин Вотерс.

Минатиот месец, поранешниот модел на ВС - Тајра Бенкс ја пофали новата ера на долната облека и ребрендирањето. И Хајди Клум се јави и искоментира дека „веќе било време за големи промени.“

Новиот ВС колектив ја вклучува и актерката Пријанка Чопра Џонас, фудбалерката Меган Рапино, манекенката со потекло од Јужен Судан и Австралија - Адут Акеч, новинарката и фотографрка Аманда де Каденет, кинеската скијачка и претставник на жените во спортот Ајлин Гу, британската манекенка и активистка Палома Елсесер и бразилската манекенка Валентина Сампајо, која стана прв трансродов модел на Викторијас Сикрет во 2019.

Колективот ветува дека ќе работи со новите бренд-амбасадори, на создавање на нови програми, револуционерни колекции, инспиративни содржини и дека ќе собира и дава поддршка за секакви каузи од витална важност за жените.

Во меѓувреме, Глобалниот фонд за рак кај жени на ВС ќе донира најмалку пет милиони долари годишно за да испитува и да решава расна и родова нееднаквост и да отвара нови иновации кои ќе ги подобрат исходите во случај на рак кај жените.

„Додека работиме заедно да ја поплочиме патеката на еден нов и влијателен начин, не само што се радувам на развивање идни колекции што ги вклучуваат сите луѓе, туку и најмногу сум возбудена што новите муштерии и тие што отсекогаш биле муштерии на ВС ќе се чувствуваат претставено и прифатено,“ изјави Чопра Џонас.

29 јули 2021 - 08:40