Значи, воочливи, шарени НО! средени нокти на ножните прсти се супер. Средени значи уредно скратени и со уредени кутикули, па лакирај и печи лакови колку сакаш.
Затоа што - тенка е линијата меѓу интересно и језиво кога ноктите таму се подолги отколку што треба, и екстремно често се преминува на језивата страна.
Сепак.
Решиле да ги направат модерни, што значи дека летово по плажи може и да се изнагледаме ножни канџи.
Како да не бевме доволно потресени од предолгите канџи на раце (како се бришат?), сега и ова мора. Па, уште и акрилно.
Па, уште и трошок за нови кондури еден број поголеми, од очигледни причини.
Еве како тоа изгледа:
А знаете што е најинтересно? Овие со ноктиштава не ги покрива чадорот на политичката, боди-позитив коректност. Парче ги прават на Инстаграм.
Ништо, шетајте по плажа и гледајте нагоре.