Вера Ванг - Барби

Мател направи кукла во чест на живата легенда Вера Ванг.

Дел е од колекцијата Барби Трибјут, која слави визионери чии неверојатни придонеси влијаеле во оформувањето на денешната култура.

Инспирирана од една комбинација од нејзината колекција во 2017, барбиката Вера Ванг е стилизирана монохроматски - црн ромпер под фустан од шифон со прикачени ракава, шлиц од напред и зборот LOVE на работ. Доаѓа и со штикли на платформа и каиш со патенти.

Мател знае со кого има работа, па продажбата е ограничена на 5 кукли на човек.

 

9 мај 2022 - 13:36