Зошто луѓето одеднаш беа подготвени да платат тројно повеќе?
Одговорот се крие во три клучни промени. Првата е идентитетот. Сè помалку луѓе се држат сопствениот мирисен потпис за цел живот. Наместо тоа, особено генерациите под 45 години, создаваат сопствени „мирисни гардероби“ - различни мириси за различни расположенија, сезони или израз на личноста. Парфемот стана начин на самоизразување, а не фиксна ознака.
Втората промена е генерациската смена. Миленијалците и Ген З не само што го диктираат вкусот, туку и ја движат индустријата - стојат зад 68% од продажбата на ниш-парфеми. Социјалните мрежи го забрзаа процесот: ТикТок и Инстаграм се новите критичари, а хаштагови како #perfumetok претворија обични корисници во влијателни гласови. Еден пример е Sol de Janeiro, бренд кој тројно ја има зголемено продажбата до над милијарда долари само благодарение на препораки и рецензии на социјални мрежи.
Третата причина е враќањето на уметноста околу парфемите. Ниш-брендовите им дадоа слобода на парфимерите да користат ретки и скапи состојки, да раскажуваат автентични приказни и да креираат мириси што се смели и неконвенционални. Во свет каде масовното производство ја седна уникатноста на клупа, овие мириси нудат нова свежина и автентичност.
Гигантите не седат мирно. 2014 година беше пресвртна точка: големите куќи почнаа да купуваат ниш-брендови или да лансираат сопствени „ексклузивни линии“, со цени што драматично пораснаа. Така луксузното брзо стана ново нормално.
Индустријата за парфеми сега расте со неверојатно темпо. Проекциите велат дека до почетокот на 2030-тите глобалниот пазар ќе достигне меѓу 90 и 100 милијарди долари, со ниш-сегмент што годишно расте за 13%. Тоа значи само едно: иднината на мирисите ќе ја пишуваат брзите и иновативните, а останатите ќе завршат на ист начин како и парфемите на славните личности во 2014 година - заборавени и застарени.
@amynosescents Pop stars out. Perfume houses in. The rise of niche and luxury fragrance explained. #PerfumeTok #FragranceTok #NichePerfume #LuxuryPerfume #PerfumeCollection ♬ original sound - Amy Nose Scent