Уште една невеста на денот

Може не е толку јака колку претходната невеста на денот, ама посветено се бори за пиедесталот.

Една 19-годишна Британка им напишала есеј на гостите заедно со поканите, захтевајќи сами да си го платат алкохолот и порцијата, да носат одредени бои што одговараат со темата на свадбата и да размислат да донираат на GoFundMe за медениот месец.

И строго им пишува „ако името не ви е на поканата, значи не сте поканети”, па еден куп гости останале без партнер на свадбата која веќе е јасно колку ќе биде напорна.

Интересното е што не се инсистирало на одела и балски фустани. Ама морало да се носи тегет, бело и сребрено, а да се избегнува црвено, портокалово и жолто - инаку ќе се изгледало многу „исплакнато и пастелно” на слики.

Гледате, она само мисли на своите гости и нивните глупи слики.

Околу поклоните, невестата кажала дека тие што се „чувствуваат дарежливо”, можат да донираат за нивниот меден месец.

„Во секој случај, тие што сепак сакаат да ни дадат нешто, ќе патуваме во Сиднеј за нашиот меден месец и имаме испланирано многу активности,” пишува таа. „Имаме GoFundMe страница каде што можете да донирате и само 5 долари за нашето патување. Ако не користите интернет плаќања, може и со чекови и кеш, не е проблем.”

Гостите се информирани и дека не смеат да носат апарати и дека ќе им бидат обезбедени професионални фотографии.

Иако треба да бидеме благодарни што не го познаваме девојчево, нема шанси со Брајдзила лично, за која што пишувавме тука и бога ми, спремете се.

7 ноември 2018 - 12:18