Учиме за императорката Сиси од Австрија

Има еден Јутјуб-канал, History Tea Time, каде што авторката Линдзи Холидеј, како тетка задолжена за приказни те седнува и ти раскажува бајки за реални историски личности. Овој пат, за императорката на Австрија, Елизабет, која била многу пред своето време и чија приказна одлично ќе ви дојде за со второто кафе.

За разлика од многу кралски личности, Сиси имала среќно детство, но понатаму, животот ѝ приредува неправди и трагедии. Во еден момент, на Франц Јозеф му треба жена, па неговата строга мајка, (толку строга што ја викале „единствениот маж во палатата Хофбург“) одлучува дека токму од кај Сиси ќе бара снаа. Ги поканила мајка ѝ и сестра ѝ да ги посетат, а Сиси случајно се нашла таму. Е сега, жените биле принудени неколку пати да сменат кочија, им се изгубил багажот и кога стигнале, не биле ни дотерани, ни спремни за ласкави муабети (ако ви каснеле авиони и сте изгубиле багаж, знаете како е). Но, црниот фустан во кои била принудена да се појави и тоа како ја направил Сиси попривлечна, па наместо Франц Јозеф да ја послуша „единствениот маж вво Хофбург“, како еден безумен Шекспиров лик ќе каже „Или Елизабет, или никогаш нема да се женам.“ Мајка му заклучила дека „не е битно која сестра“ и останатото е историја:

6 октомври 2022 - 13:21