Дека Расел Бренд има канал, каде што филозофира за живот и животни прашања веќе со години дознавме минатата недела, што не значи дека нема да надокнадиме сега.
Овој пат, дискусија на тема што е секогаш релевантна, ама наместо да се цитираат психолози и психијатри, ќе се слуша Бренд како објаснува дека:
Главниот проблем што води до раскинување е отсуството или недостатокот на комуникација.
Луѓето во врска не комуницираат затоа што се чувствуваат ранливо, затоа што мислат дека ќе им се суди, или доаѓаат од семејства каде што не се комуницира, или мислат дека тоа што ќе го кажат нема да има никаква вредност и ќе удри во ѕид. Но, резултатот ќе биде ист и вака и онака, па логиката вели дека попаметно би било - да разговараш. Конкретно, да пробаш со формулата - кога правиш вака, мене ми е така.
На пример:
- Кога ми се дереш, се чувствувам повредено,
- Кога ми го напаѓаш семејството, се чувствувам нападнато и јас и непријатно ми е кога сме сите на исто место.
Одма ви се згади малце, нели.
Клучот за одлична романтична (и не само романтична) врска е во добра комуникација, па овде ќе заклучиме дека вреди да се истражи темата: