Во 2014-та излегува предлог-закон со ефектно име Pets and Women Safety (PAWS) Act (како шепи, ви текнува?), со цел да се заштитат жртвите на семејно насилство, сексуален напад, следење и насилство во врска, од емотивна и психолошка траума предизвикана од насилство врз нивните миленици.” И помина минатата недела.
Со ова ќе се прошири федералната заштита за жртвите на домашно насилство и ќе се вклучат и милениците - ќе се воспостави програма за грантови која ќе им помага на жртвите да најдат безбедно засолниште за нивните животинки. Се додава и амандман на дефиницијата за следење односно, „однесување кое предизвикува личноста да чувствува разумен страв од смрт или сериозна телесна повреда врз него/неа или неговиот/нејзиниот миленик.”
Ова се должи на тоа што насилникот често знае да го нападне и животното на неговата жртва, или пак да го искористи како средство за манипулација за да ја задржи жртвата покрај себе. Само три проценти од шелтерите во моментов дозволуваат миленици, а една третина од жртвите сведочат дека го одлагале заминувањето од насилната средина затоа што не можеле да најдат безбедно место за миленикот.
Законот ќе бара и покривање на ветеринарните трошоци кога животното е жртва на семејно насилство. Кетрин Кларк и Илеана Рос Летинен, и двете во Конгресот, плус многу важни за поминувањето на овој закон, велат дека PAWS е важен чекор при помагањето на жртвите на семејно насилство.
„Никој не треба да мора да бира меѓу безбедност и останување во опасна ситуација за да си го заштити миленикот,” вели Кларк. „Овој закон им дава моќ и ресурси на жртвите да напуштат опасна ситуација, а притоа да можат да се грижат и за животното.”
Светот знае да биде и супер.