Трендот што нè учи да се одмориме

Изразот е hurkle-durkle. Звучи глупо, а сепак е тренд на ТикТок за кој што велат дека или сме го почнале, или дефинитивно ќе сакаме да го пробаме.

Терминот инаку потекнува од 19 век, од Шкотска и дури сега го откриваат млади ТикТокери, воодушевени од неговото значење. Се однесува на останување и лежење во кревет долго после моментот кога сме требале да станеме (значи после аларм, неодење на работа, или дремење под ќебе наместо среќавање со луѓе). Чувство на вина тука не постои, и по ново, треба да се прифати.

Една ТикТокерка, Кира Косарин го има вратено хуркл-дуркл во употреба со објава за „збор на денот“:

Само да знаете дека Шкотите имаат збор за лежење во кревет и откако ќе помине времето за станување и се вика hurkle-durkling. И јас така правам, и откако ќе го поминам тоа, станувам, и голем фан сум на хуркл-дуркл.“

Терминот одма се лепи. Популарен е затоа што во денешно време сме оптоварени со притисок да станеме, да се спремиме и да одиме кон стресниот работен ден, па има придобивки од бавното почнување на денот. А според психолозите, терминот е забавен и креативен, а е начин да се пристапи поведро на грижата за себе и за менталното здравје.

Постои и друг термин - скапување во кревет, но ова новово се разликува од него. Скапувањето е поминување часови и часови во кревет, често со грицки и екран и е одговор и реакција на прегорување.

Психолози споделуваат и дека од хуркл-дуркл можеш и да научиш да се одмораш, а одморот е круцијален дел од физичкото опоравување. Понекогаш на телото му треба одмор, а не сакаме да имаме грижа на совест што одмараме. Тоа што на „дозволувањето“ одмор му се дава симпатично име како за на социјални мрежи, може да го направи социјално поприфатливо и кога трендовите стануваат попопуларни, се нормализира потребата за релаксација.

27 февруари 2024 - 10:59