Треба ли мажите да помагаат по дома?

Си го одговоривте прашањето во себе? Во ред. А сега да се објасниме.

Целото прашање е „Дали мажите треба да помагаат по дома за викенд?”, затоа што, конкретно ова прашање е поставено во 1961-ва, на улица, некаде во Австралија, па претпоставката е дека мажите одат на работа, а жените средуваат куќа во работен ден - па нели: Дали да си го трошат слободното време? Со вакви информации, пред да кликнеш „плеј”, чекаш да бидат тоа (оправдано?) лоши одговори, затоа што се пред 60 години и затоа што мажите тогаш биле поинакви.

И навистина, поинакви биле. Денес се глуми еднаквост и феминизам, а всушност многу почесто отколку што би ви се верувало, се налетува на бескичмењак што чека да му направат јадење, да му замијат, да го помасираат и да му испеат некоја песна.

Овие од '60-ти некако се поразбрани.

13 ноември 2019 - 17:43